Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Кои се знаците на стареење на вашето куче

Животниот век на кучињата зависи од расата, но и од хигиенските услови, храната, движењето…

Како што кучето во фазата на растење го менува своето крзно, станува поголемо, појако и поактивно, така во периодот на стареење се менува и нивниот организам. Покрај тоа што животниот век на кучето зависи од тоа на која раса ѝ припаѓа, исто така се многу важни и хигиенските услови, храната или движењето за кучето да постигне што подлабока старост.

Најважно е постојано да го следите однесувањето на кучето бидејќи така можете да забележите дали старее и што точно се менува кај него во тој период од животот. Кучињата во просек живеат нешто повеќе од дванаесет години, а многу поретко повеќе од петнаесет. Меѓу третата и петтата година кучето е најсилно и најактивно, а кога ќе наполни осум години тогаш полека почнува да му се менува физичкиот изглед, но и психичката состојба. Еве ги најчестите манифестации.

Кожа и крзно

Без оглед на расата на кучето и должината на влакното, во фазата на стареење кожата не е повеќе така еластична и станува потенка и поосетлива. Кожата станува масна или многу сува, па затоа во овој период од животот сѐ повеќе се противат кога ги четкаме. Доаѓа и до промена на бојата на влакното, па на нивното тело можете да зебележите сѐ повеќе седи влакна.

Сетила за слух и вид

Чувството на дезориентираност или чувството на збунетост се најчести облици на однесување кога сетилата за слух и вид почнуваат да слабеат кај кучето. Предметите во далечина кучето појасно ќе ги види и препознае отколку оние кои му се наоѓаат во близина. Сѐ почесто доаѓа до губиток на краткорочното памтење, па може да се случи да се заглави во ќошот од собата или да гледа во празно, како и да не бара толкаво внимание и мазење. Оштетувањето на слухот може да се јави уште во раната фаза од животот, но со стареењето во некои случаи доаѓа и до целосно губење на слухот. Тогаш кучето има послаби рефлекси на вашиот глас, како и на останатите звуци од опкружувањето.

Мускули и зглобови

Највоочлива промена кај кучето е неговото движење, кое е успорено и отежнато. Впрочем, многу од овие манифестации се забележливи и кај луѓето. Сѐ повеќе ќе спијат преку ден, а помалку преку ноќ. Исто така, може да се јават болести на одредени коски, зглобови, како и во пределот на вратниот или грбниот дел од кичмата. Ќе станува и ќе оди полека, а нема ни толку да се радува на прошетката, како што ќе му паѓа и сѐ потешко искачувањето и симнувањето по скали.

Заби и тежина

Како што кучето станува сѐ постаро, сѐ повеќе доаѓа до оболување на непцата и стварање на забен камен, како и до испаѓање на забите. Кучешкиот здив станува многу поинтензивен и понепријатен. Сепак, кучињата често можат да бидат склони кон инфекции во устата, кои секако се излечливи. Исто така, обратете внимание која храна ја користите за вашето куче, бидејќи вишокот килограми може да му го отежне движењето и да му створи поголеми проблеми со мускулите и зглобовите. Посетете го нашиот богато опремен пет шоп во нас. Ново Лисиче во Скопје за консултации.

Како да му помогнете на кучето

Да повлијаете на тоа вашето куче да не старее секако дека не можете, но она што можете е тој развоен пат на стареење да му го направите што полесен. Бањајте го и четкајте го, и на тој начин ќе се грижите за неговата хигиена. Ако не можете самите, донесете го кај нас на пет груминг. Водете го кучето редовно на прегледи кај ветеринар, барем два пати годишно, бидејќи така можете да добиете точни информации каква е здравствената состојба на кучето. Изведувајте го почесто на прошетка и на свеж воздух. Сепак, не треба да претерувате и прошетките да траат по неколку часа, бидејќи во доцните години кучето многу повеќе се замора отколку порано. Исто така, треба да ја контролирате тежината на кучето, односно внесот на калории во организмот. Бидејќи, не заборавајте дека со намалено движење кучето може да добие повеќе килограми. Токму затоа хранете го повеќе пати дневно, но во помали оброци и тоа со храна која е богата со витамини.

Направете разлика меѓу старост и болест

Кога ќе воочите промени кај кучето, нема причина за паника. Ако кучето е постаро и има околу осум години, сите овие фази се главни показатели за стареење на кучето. Доколку некое однесување е доста поизразено и зачестено, задолжително посетете ветеринар, бидејќи е можно кучето да пати од некоја болест. Со превентивен преглед може да се откријат болести или да се спречат истите. Нашата ветеринарна амбуланта ви стои на располагање, закажете преглед на 070 700 784.

Дали знаевте дека:

  • поголемите раси живеат пократко од помалите кучиња
  • некои раси можат да живеат и до 25 години
  • полот исто така влијае на животниот век, па женките воглавно живеат подолго
  • стерилизираните/кастрираните кучиња можат да живеат малку подолго

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784