Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Бидете здрави, набавете мачка

Кога размислувате за тоа како да го подобрите вашето здравје, ретко помислувате на домашните миленици, а токму тие се „тајната состојка“ која нѐ чини здрави. Бројни истражувања во последните неколку години покажаа дека држењето на мачка во домот може да има многу здравствени предности за членовите на домаќинството. За вас ги издвоивме најзначајните.

Помал ризик од кардиоваскуларни болести и срцев удар

Доколку имате мачка, помали се шансите да починете од кардиваскуларни болести. Истражувањето на Универзитетот во Минесота покажа дека луѓето кои немаат мачка имаат 30 до 40 проценти поголеми шанси да починат од последици на кардиоваскуларни болести отколку луѓето кои имаат мачка. Истата студија не покажа таков резултат кога се во прашање сопствениците на кучиња. Исто така, можете да ги намалите шансите за срцев удар доколку имате мачка, и тоа во голема мера. Дури за 30% се помали шансите да доживеете инфаркт ако имате мачка. Ако немате, ете ви причина да набавите.

Подобрување на имунитетот

Држењето мачка може да ја подобри состојбата на вашиот имунитет, и тоа благодарејќи на позитивните емоции кои ги гаите кон мачката. Тие често препознаваат кога сте болни, ви приоѓаат да ве утешат и ви помагаат да оздравете.

Превенирајте ја појавата на алергии

Доколку планирате бебе, размислете за тоа да набавите домашен миленик. Мачката може да го спречи настанувањето на алерии кај децата. Некои студии покажуваат дека децата кои живеат со животни, посебно со мачки и кучиња, имаат помали шанси да добијат алергии. Доколку се навикнат на нив од мали нозе, развиваат имунитет кој ги штити во текот на животот. Малите кои живеат со домашни миленици и во детството се поздрави од оние кои немаат мачка или куче.

Спречете ја астмата кај децата

Исто како што ја спречува појавата на алергии, така животот со мачка ја спречува и појавата на астма. Редовниот контакт со мачки од мали нозе им помага на децата да избегнат различни респираторни проблеми.

Понизок крвен притисок

Можете да го намалите својот крвен притисок доколку уживате во друштвото на мачка, кое честопати може да биде и исклучително забавно. Самото мазење на мачка ги смирува нервите и го намалува крвниот притисок. Според истражувањето на Универзитетот Њујорк, луѓето кои имаат домашни миленици имаат понизок крвен притисок.

Пониско ниво на триглицериди

Нивото на триглицериди можете да го намалите така што вежбате и јадете помалку јаглехидрати. Но тоа не е единствениот начин. Некои студии покажуваат дека сопствениците на мачки имаат пониско ниво на триглицериди и подобро здравје.

Пониско ниво на холестерол

Дали се обидувате да го намалите нивото на холестерол? Ако е така, размислете за тоа да набавите мачка. Интересно е што сопствениците на мачки имаат пониско ниво на холестерол отколку луѓето кои немаат мачка. Канадско истражување од 2006 година покажа дека подобар ефект има држењето мачка отколку земањето лекови за контролирање на холестеролот.

Помал ризик од мозочен удар

Истражувањето на Универзитетот Минесота покажа дека со држењето мачка ги смалувате шансите да доживеете мозочен удар за третина. Самата помисла дека можете да спречите мозочен удар благодарејќи на мачките е уште една причина да си набавите една или повеќе од нив. Проверете ги фејсбук страниците на здруженијата за заштита на животните. Честопати на нив има објави со повици за вдомување на нови легла или напуштени љубимци од страна на сопствениците.

Помалку стрес

Поседувањето мачка има различни психолошки предности. Можноста да се грижите за животното, да го мазите, слушате како преде… може да ви помогне да се чувствувате подобро и да го намали нивото на стрес.

Помалку анксиозност

Мачката може да ја намали и анксиозноста. Мазењето смирува. Доколку се грижите за друго живо битие, тоа ја намалува загриженоста за многу други, споредни работи кои инаку ве загрижуваат и ви создаваат немир. Самото присуство на мачка, а особено кога ќе ви легне во скут, може да ви помогне да се смирите бидејќи уживате во безусловна љубов.

Го поправа расположението и ја победува депресијата

Во многу случаи, интеракцијата со домашен миленик го поправа расположението. Иако мачката не може да ја излечи депресијата (и ве охрабруваме да побарате стручна помош за тоа), може да ви помогне да не мислите на проблемите и да се фокусирате на нешто друго, убаво и позитивно. Љубовта која ви ја пружа мачката ги смирува мислите.

Помош кај аутизам

Аутизмот е окарактеризиран како потешкотија во социјалната интеракција и комуникација. Луѓето и децата кои патат од аутизам имаат потешкотии во комуницирањето на начин како што тоа го прават останатите. Во некои случаи, мачките се користени во терапија кај аутистични деца и дружењето со крзнените другари вродило со повеќе од добри резултати.

Збогум осаменост

Многумина кои патат од осаменост, особено постарите, може да пронајдат утеха во домашниот миленик. Самиот факт дека се враќате некому дома и дека имате со кого да го поминувате времето може да им помогне на оние кои се сами.

Поретки посети на доктор

Сопствениците на мачки поретко посетуваат доктор. Едно истражување исто така покажа дека домовите за постари лица кои дозволуваат држење на мачки имаат пониски сметки за лекарски услуги.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784