Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Зошто мачките рушат сѐ што им е на дофат на шепите?

Како што може да се види од бројните смешни видеа на интернет, мачките уживаат во туркањето предмети од високи места. Зошто се впуштаат во вакво забавно – но понекогаш иритирачко, па дури и опасно – однесување?

Секој кој има мачка како член на семејството знае дека тие се исклучително вешти со нивните шепи. Гледајќи ги како се играат, можете да видите како со нивните шепи спретно тарашкаат по предмети и ги тркалаат по домот, a неретко ги употребуваат своите канџи и за да лансираат предмети во воздух. Познати ви се и примери како мачките спретно ги користат нивните шепи за да фатат некоја играчка во лет, а, секако, тоа е случај и кога ловат. Мачките се многу љубопитни битија и одлично им одат брзите потези. Многу мачки се експерти за фаќање муви и други инсекти во лет, а некои од нив се вистински акробати кога изведуваат салто за да го дофатат врвот на некоја играчка. Познавајќи ја природата на мачките, не нѐ изненадува кога луѓето прашуваат зошто нивните љубимци уживаат во рушењето предмети од маси, полици или некои други површини. Има неколку фактори зошто на мачките им се допаѓа оваа активност.

Една од причините би можела да биде нивниот изразен нагон за игра, но таквото однесување може да биде и само израз на нивниот истражувачки инстинкт. Сепак, нивната потреба за рушење предмети е најверојатно последица на љубопитноста за некој предмет. Мачките, всушност, допираат и опипуваат одреден предмет како би дознале дали се движи или како се движи и на крајот од невнимание ќе го турнат од масата. Кога мачките ќе го забележат предметот што паѓа, ги интригира брзината на падот, звукот што предметот го произведува кога ќе падне на подот, а можеби и вниманието што ќе го добијат од нивните сопственици, без оглед дали реакцијата е позитивна или негативна. Тоа е затоа што мачките веќе научиле дека сопственикот ќе притрча штом слушне дека нешто паднало во неговиот дом. Некои мачки научиле дека можат да го привлечат нашето внимание преку ваквото однесување. Природно дека побрзо ќе дотрчаме ако нешто појако тресне на подот. Но мачките понекогаш уживаат да гледаат како некој предмет паѓа од висина, а подоцна трчањето по него го сметаат за награда за нивниот минат труд. И додека за вашата мачка оваа потера изгледа како луда забава, за вас може да биде иритантно искуство, а понекогаш може да биде дури и опасно за неа. На пример, ако мачката сруши стаклен предмет, може да ги повреди нејзините шепи кога ќе скокне на подот и ќе се приземји на парчињата стакло или газејќи по нив.

Пренасочете ја забавата на вашите мачки на нешто друго

Ако ваквото однесување е проблем во домот, како можете да ја спречите вашата мачка да го прави тоа? Најлесно решение е да не оставате ништо на вашата маса, полица итн., што е доволно лесно да се помрдне или да се сруши долу. Научете да живеете минималистички. Иако тоа е полесно да се каже отколку да се спроведе во пракса. Додека работите на изнаоѓање решение за проблемот, не оставајте ништо кршливо на масите и полиците и затворајте ги вратите на оние простории во кои мачките би можеле да направат хаос и така физички ограничете им го просторот за движење. Ако ни тоа не е опција, тогаш единственото решение кое ви преостанува е двострана леплива лента. Залепете ја на површината на масата или полицата. Кога вашата мачка ќе скокне на масата, нејзините шепи ќе се залепат малку на лентата и тоа чувство може да ги одврати повеќето мачки повторно да скокнат на масата. Ако можете да ја спречите вашата мачка да се качува на масата, ќе бидете поуспешни во ставањето крај на проблемот, а вашите кршливи и драгоцени предмети ќе бидат безбедни од љубопитните шепи на нашите крзнени пријатели, пишува популарниот интернет портал за домашни миленици „VetStreet“.

Во ситуација кога вашата мачка веќе скокнала на масата, наместо да станете и да почнете да викате по неа или да ја бркате, направете бука како би го пренасочиле нејзиното внимание на нешто друго. Попозитивните техники одземаат време, но подобро пружаат на вашата мачка соодветни места за психичка и физичка стимулација. Кога ќе го добиете вниманието на мачката, пробајте да ѝ понудите нешто друго да прави – да седи покај вас или да брка некоја играчка. Дресирањето со помош на кликери е многу корисно во учењето на вашата мачка на забавни активности и пристојно однесување, што сигурно ќе ѝ помогне да се ангажира ментално, како и да се држи настрана од неволји.

Уште еден начин како да го пренасочите вниманието на вашата мачка на нешто друго е да ја ангажирате односно да ѝ дадете одредена задача. Користете разни играчки загатки кои бараат снаодливост за совладување, па кога ќе дојде до решението наградете ја со омилениот десерт. Имајте на ум дека мачките во дивината можат да поминат од 40% до 60% од животот ловејќи храна. А бидејќи нашите домашни мачки немаат доволно активности што ќе ги држат окупирани, па изнаоѓаат други начини да им биде интересно. Посетете го нашиот пет шоп за да изберете играчки од асортиманот.

Во крајна линија, мачката веројатно сака да се игра со вашите предмети по дома бидејќи тоа ѝ е просто забавно. Сепак, ако однесувањето на вашата мачка е екстремно или опасно, потребно е да се посоветувате со ветеринар.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784