Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Луѓето спијат поубаво покрај домашните миленици

Сопствениците на кучиња особено го истакнуваат чувството на сигурност кога покрај нив спие домашниот миленик.

Сопствениците на кучиња и мачки спијат поубаво и посигурно покрај своите домашни миленици отколку покрај партнерот, покажаа резултатите од неодамнешната студија на Itch Pet. Со истражувањето биле опфатени 2000 сопственици на кучиња и мачки и две третини од испитаниците изјавиле дека постелата ноќе ја делат со домашниот миленик. Тројца од десет испитаници особено истакнале дека покрај домашниот миленик во креветот се чувствуваат побезбедно.

Повеќе од четвртина од испитаниците покрај кучето или мачката во креветот се чувствуваат помалку осамено, додека 37% од сопствениците истакнале дека го обожуваат чувството на топлина од телата на нивните домашни миленици.

„Делењето постела со домашните миленици е вообичаен и природен дел од нашиот заеднички живот и јасен показател колку е силна нашата врска со мачките и кучињата“, истакнува професорот Питер Невил, бихејвиорален експерт за животни. „За нас, главниот елемент на врската со домашните миленици во спалната соба е допирот, утехата, уживањето, топлината и значително поголемото чувство на сигурност, особено кога станува збор за сопствениците на кучиња. Мачките нѐ доживуваат како родители, па имаат потреба да се припијат покрај нас додека спијат, додека кучињата освен љубов покажуваат и желба да нѐ чуваат. Јасно, и тие добиваат топлина од нас (која особено ја сакаат мачките)“.

Петтина од сопствениците кои учествувале во оваа студија велат дека нивните домашни миленици спијат покрај нивната нога, а најголем број од нив изјавиле дека кучето или мачката им спијат на стапалата или покрај стапалата, на дното од креветот. Она што е интересно е дека сопствениците истакнале дека спијат помирно и полесно покрај љубимците отколку покрај партнерот, кој често умее да ги разбуди и да им го наруши сонот со рчење, тргнување, превртување…

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784