Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Зошто кучињата се поврзуваат за еден човек?

Кучињата нѐ гледаат во очи како би се поврзале со нас. Истото го правиме и ние кога сакаме да се поврземе со други луѓе. Кучињата се друштвени битија и не можат да живеат без друштво. Покрај многуте луѓе кои кучето ги има во животот, тоа бира една посебна особа на која ќе ѝ даде најмногу љубов и внимание. Оваа поврзаност на кучињата им е многу важна, дотолку што чувствуваат љубомора ако ја видат својата омилена особа како ги „изневерува“ со друго животно.

Постојано поминуваат време со своите сопственици

Кога ќе му допуштите на вашето куче да спие со вас во кревет, кога го дресирате, се грижите за него и поминувате доста време со него, тогаш формирате силна врска меѓу вас. Која било позитивна активност со вашиот крзнен пријател помага нивната љубов кон вас да расте. Активности како масажи, прошетки и мазења, како и анимирањето со интересни игри во кои ќе ужива, прават вашето куче да ве слуша и да се навикне дека секое време поминато со вас е забавно.

Ја чувствуваат наклонетоста на својот сопственик

Ако живеете во големо семејство, вашето куче може да има неколку омилени особи. Сепак најголема поврзаност ќе има со особата која најмногу се грижи за него. Ако му ја наполните чинијата со храна или секое утро го водите на прошетка, кучето тоа ќе го забележи и ќе има посебни емоции за вас. Многу е едноставно – што повеќе давате, толку повеќе ќе добиете.

Кучињата своите сопственици ги гледаат како извор на позитивност

Кучињата често креираат позитивни асоцијации на луѓето што ги опкружуваат. Па така, ако на вашето куче му пружите пријатни работи како вкусни закуски и забавни играчки кои можете да ги набавите во нашиот пет шоп, асоцијацијата ќе биде моментално формирана. Ако сакате кучето да се приврзе за вас, направете го среќно.

Карактерот на сопственикот и на кучето се совпаѓаат

Како што луѓето можат да изберат личност чиј карактер им одговара, така можат и кучињата. Ако обрнете внимание на кучињата и нивните сопственици, тие во повеќето случаи личат еден на друг. Енергичните кучиња преферираат активни луѓе, додека смирените и мрзеливи кучиња претпочитаат да го поминуваат времено со опуштен сопственик.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784