Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

COVID-19 и домашните миленици: Што треба да знаете

Нема докази дека кучињата, мачките или други домашни миленици можат да го пренесат новиот коронавирус SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19. COVID-19 воглавно се шири преку капки продуцирани кога инфицирано лице кашла, кива или зборува. За да се заштитите себеси, мијте ги вашите раце често и темелно.

Неколку кучиња и мачки (домашни мачки и тигар) во контакт со инфицирани луѓе се тестирани позитивни на COVID-19. Дополнително, изгледа дека ласиците се подложни на инфекцијата. Во експериментални услови, и мачките и ласиците биле во можност да ја пренесат инфекцијата на други животни од истите видови, но нема докази дека овие животни можат да ја пренесат болеста на човек и дека играат улога во ширењето на COVID-19, известуваат од СЗО.

Светската здравствена организација продолжува да ги следи најновите истражувања во врска со оваа и други теми поврзани со COVID-19 и ќе ги објави во јавност новите наоди штом бидат достапни.

За време на пандемијата на COVID-19, близината на домашните миленици на луѓето им пружа утеха и ги чини поздрави. Домашните миленици помагаат во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол и исто така помагаат во менаџирањето на осаменоста и депресијата. Се препорачуваат долги прошетки со кучето или играње со мачката.

Разбирливо е дека во сегашните околности луѓето за загрижени за своите домашни миленици, но, иако е можно новиот коронавирус да потекнува од некој животински извор, нема докази дека животните, вклучително домашните миленици се извор на зараза или се во состојба да го пренесуваат, според Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

„Ако не сте заболени со COVID-19, можете да имате интеракција со вашите домашни миленици како и вообичаено, вклучително прошетки, хранење и играње“, велат од Американската асоцијација на ветеринари.

Забележани се случаи на заболување на животни и домашни миленици со COVID-19 преку контакт со инфицирани луѓе, па ветеринарните експерти препорачуваат луѓето кои се заразени да избегнуваат контакт со домашните миленици.

Како да се грижам за и имам интеракција со мојот домашен миленик за време на пандемијата на коронавирусот?

Луѓето кои не се заразени со COVID-19 не мораат да се изолираат од своите домашни миленици, но би требало да продолжат со одржувањето адекватна хигиена: мијте ги вашите раце со сапун и вода најмалку 20 секунди пред и после сите интеракции со вашите домашни миленици; осигурајте се дека вашиот домашен миленик е добро негуван; и редовно чистете ги садовите за храна и вода на вашиот домашен миленик, како и постелнината и играчките.

Иако постои можност за трансмисија на коронавирусот меѓу луѓето преку површини какви што се, на пример, животинското крзно или околувратникот на домашниот миленик, сепак не е голема, велат експертите.

Ако вашиот домашен миленик има интеракција со вас или други, постои мала веројатност животното да ги пренесе капките на неговото тело или околувратник на други луѓе. Вирусот може да преживее на површини минути или дури и со часови.

Сепак, мазните (непорозни) површини, како на пример кујнските работни маси и кваките, ги пренесуваат вирусите подобро отколку порозните материјали, како на пример хартиените пари и крзното на домашните миленици, па така постои исклучително многу мала веројатност дека новиот коронавирус може да се шири на овој начин.

Дали домашните миленици се заразуваат со коронавируси и дали ветеринарите имаат вакцини за нив?

Постои цел еден свет на коронавируси што ги погодуваат животните, но исто така постојат вакцини за тие коронавируси. Коронавирусот SARS-CoV-2 е нов вирус што не беше откриен до пред неколку месеци. Тој спаѓа во семејството коронавируси, кое за луѓето ги вклучува обичната настинка како и посериозни коронавируси што предизвикуваат болести како што се тешкиот акутен респираторен синдром (SARS) и блискоисточниот респираторен синдром (MERS).

Вакцините за коронавирус за кучиња што се достапни на некои глобални пазари се наменети за заштита од цревна инфекција со коронавирус и не се лиценцирани за заштита од респираторни инфекции, пишува во статијата објавена од Колеџот за ветеринарна медицина и биомедицински науки при Државниот универзитет на Колорадо.

Бидејќи животните можат да ги пренесуваат другите коронавируси на животни, вклучително и на луѓе, тие вакцини се корисни за тие специфични болести. Во статијата се појаснува дека нема апсолутно никаков доказ дека вакцинацијата на кучињата со комерцијално достапните вакцини ќе обезбеди вкрстена заштита од инфекцијата со COVID-19, поради тоа што цревните и респираторните вируси се изразито различни варијанти на коронавирус.

Дали да избегнувам контакт со домашни миленици или други животни доколку сум болен?

Иако се регистрирани малку случаи на заразени животни и домашни миленици во светот и тоа преку контакт со инфицирани луѓе, нема докази дека тие можат да го шират новиот коронавирус, но многу останува непознато во врска со COVID-19. Се препорачува болните луѓе да немаат контакт со животни и домашни миленици, бидејќи постојат други коронавируси што можат да предизвикаат болест кај домашните миленици, како и да бидат пренесени од животните на луѓето. Избегнувањето контакт со вашето животно кога сте болни е секогаш добра мерка на претпазливост за да спречите вашето животно да се разболи, препорачуваат здравствените експерти и ветеринарите.

Луѓето болни со COVID-19 треба да избегнуваат контакт со животни исто како и со други луѓе сѐ додека нема повеќе информации. Тоа значи да не се споделува храна, или да се бакнуваат или гушкаат. Сепак, ако морате да бидете во присуство на вашиот домашен миленик, како на пример дресирано куче за асистенција, додека сте болни, мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди пред и после интеракцијата со животното и носете заштитна маска за лице.

Како можам да се подготвам уште сега за благосостојбата на мојот домашен миленик за во случај да се разболам?

Најдете опции за згрижување на вашиот домашен миленик во случај да се разболите. Прашајте дали може да ви помогне некој друг член на домаќинството, сосед или пријател. Не заборавајте дека нашиот хотел за домашни миленици исто така ви стои на располагање. Направете залиха од неколку потрепштини за вашиот домашен миленик, како на пример екстра вреќа со храна или песок за мачки, за да не морате да излегувате доколку треба да се изолирате себеси дома или некој мора да се грижи за љубимецот на друго место. И секако, продолжете со практикувањето на редовна хигиена.

Што треба да сторам ако се сомневам дека моето животно е болно?

Бидејќи во моментов многу нешта се непознати во врска со COVID-19, сопствениците на домашни миленици треба да им се јават на нивните матични ветеринари за да ги известат однапред амбулантите дека доаѓаат со болно домашно милениче, оти секоја амбуланта може да има малку поинакви протоколи. Но, во секој случај, важно е сопственикот на домашниот миленик да прецизира дали животното било во контакт со некој што има COVID-19 или со некој суспектен на COVID-19. Следете ги внимателно инструкциите на ветеринарот и не преземајте ништо на своја рака без консултација со стручно лице.

Во текот на летниот период, нашето работно време е од понеделник до петок од 12:00 до 19:00 и сабота од 10:00 до 14:00. Контактирајте нѐ за консултации на телефонските броеви 070/700-784 и на 02/2444-772.

Официјалните информации за новиот коронавирус (COVID-19) во Северна Македонија можете да ги консултирате на специјално изработениот веб-сајт на Владата на Република Северна Македонија: koronavirus.gov.mk.

Препораките за домашните миленици од Агенцијата за храна и ветеринарство следете ги овде.

Текстот е последен пат ажуриран на 20 јуни 2020 г. за да ги рефлектира најновите наоди во науката и медицината во справување со пандемијата на COVID-19 vis-à-vis здравјето на домашните миленици и нивните сопственици.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784