Многумина кога заминуваат на работа, на домашните миленици им го оставаат вклучен телевизорот или компјутерот. Најчесто е на ТВ каналот Animal Planet или музика за која прочитале дека им годи на ушите на мачките или кучињата.
Иако на многу домашни миленици полесно им паѓа осаменоста покрај звуци и подвижни слики, мораме да бидеме свесни дека доколку домашниот миленик е нервозен, таков и ќе остане, без оглед на тоа што е вклучен телевизорот или радиото.
„Она што мачките и кучињата го сакаат е да бидат со своите сопственици. Мачката со часови ќе гледа во птица низ прозорецот или ќе ја набљудува на екранот, но најмногу сака да си игра и вистински да го фати објектот на своето посматрање – глувче на батерии, врвка или слично“, вели бихејвиоралниот експерт за животни д-р Нолан Зајд.
Тој вели дека и кучето повеќе сака полскиот глушец или кртот да го лови во природа, а не да ги гледа на екранот.
И затоа совет за сопствениците е дека кога не се дома, телевизорот може да биде добро решение, но по враќањето од работа и за време на викендот да се посветат на своите домашни миленици – кучињата да ги носат на долги прошетки како би се истрчале, а со мачките да се играат во домот, потенцира познатиот американски ветеринар д-р Нолан Зајд.