Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

Знаци кои упатуваат дали сте ѝ драги на вашата мачка

Мачките се миленици чии емоции се тешки за читање. Понекогаш се чини дека постојано имаат ист, ладен израз на лицето и дека не им е гајле за она што се случува во нивната околина. Љубовта кон сопственикот не ја покажуваат толку често како што тоа го прават кучињата ниту ја искажуваат со мавтање на опашката и бакнежи. Поради тоа многу сопственици на мачки не се сигурни дали воопшто ги сака нивната мачка или само ги смета за „човекот со храна“. Сепак, одредени знаци во однесувањето на мачката ќе ви потврдат дека на мачката сте ѝ и тек како драги, пишува Insider.

Ве удира со главата

Кога човек би ве удрил со глава, веројатно тоа не би го сметале за знак на љубов, но мачките со тој потег всушност покажуваат дека ве сакаат. „Со трлањето на овој дел од нивното тело од вас, мачката ве идентификува како еден од своите пријатели“, вели Гејл Хикман, истражувач на однесувањето на домашните миленици.

Ја свиткува опашката

Мачките покажуваат љубов со свиткување на опашката така што опашката ќе ја завиткаат околу вашата нога или рака. Исправената опашка која се ниша може да значи дека се осеќа сигурно и среќно во ваше присуство.

Го покажува стомакот

Мачките стомакот го покажуваат своеволно само на оние на кои им веруваат и во чие друштво се чувствуваат сигурно и угодно. Ако вашата мачка се испружи на подот покрај вас и се тркала, можете да се обложите во нејзината љубов.

Преде

Ако преде во ваша близина, тоа значи дека сте ѝ драги. Мачките предат само во присуство на оние кои навистина ги сакаат.

Носи подароци

Иако можеби не се подароци кои би ги ставиле на листата на желби, бидете подготвени од вашата мачка да добиете дарови како на пример мртви глувци, жаби, бубачки или отпад. Тоа е нејзиниот начин на покажување љубов.

Ве гризе

Ако вашата мачка лесно ве грицка, тоа сигурно значи дека сте ѝ драги. Ваквите загризи не болат и не се јаки.

Зборува со вас

Иако може да им прозвучи чудно на луѓето што не поседуваат мачки, некои мачки произведуваат карактеристички звуци на гргорење кога се осеќаат пријателски и дружељубиво. Тие звуци се разликуваат од типичното мјаукање.

Ве следи

Ако сака да спие со вас во кревет, влегува во купатилото додека се туширате и ве гледа како јадете, веројатно многу ве сака.

Ве лиже

Лижењето на косата или ушите е знак дека мачката му верува на тој човек и го смета за пријател, посочува Care2. Тоа е знак на пријателство и покажува дека вашиот крзнен пријател се грижи за вас и сака да ви возврати за негата што му ја давате.

Ви намигнува

Спорото трепкање односно намигнување е знак на чиста љубов, а често се нарекува и мачји бакнеж. Кога во близина има други мачки, ќе видите како вашата мачка споро трепка. Така на мачките им дава на знаење дека можат да ви веруваат.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784