Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Подгответе ги кучињата за ладните денови

Есента е тука. И додека едни ја обожуваат сметајќи ја за идеално време за прошетка, спорт, па и за љубов, други во неа гледаат само јасен знак дека зимата е на прагот. Без разлика што ние мислиме за дождот или заладувањето, нашите миленици со радост го очекуваат новото годишно време. Нам ни преостанува да ги подготвиме за претстојните месеци и да им овозможиме непречено да уживаат во есенските радости на отворено. Експертите потсетуваат на што треба да обрнете внимание во текот на следните есенски месеци за вашето куче да ја дочека зимата безгрижно и во полна форма.

Куќичка

Доколку вашето куче живее надвор, есента е вистинското време да му обезбедите добар кров над главата или да направите контрола на состојбата на постоечкиот. Куќичката за миленикот мора да биде доволно комфорна за да може кучето лесно да влезе и легне во неа. Најдобри се имаат покажано куќичките од дрво, издигнати над тлото, прекриени со тегола (шиндра) или сличен лесен материјал. Идеално е ѕидовите на куќичката да бидат направени од „сендвич“ ѕидови од даски, со табли стиропор во средината. Така домот на кучето ќе биде топол, а кучето нема да може да ја гризе и оштетува изолацијата. Дното на куќичката најдобро е да се истапацира со етисон или материјал што не се „троши“ и не собира нечистотија.

Нега на влакното

Селските кучиња кои живеат надвор на есен добиваат многу густо и квалитетно влакно за претстојната зима. Домашните кучиња, кои живеат воглавно во исти услови без оглед на годишното време, своето влакно не го менуваат во толкав обем. Поради тоа нивното крзно е поретко и пооскудно, што се гледа како константно митарење и отфрлање на вишокот влакна. Најдобар начин за одржување на крзното на кучето е четкање и поткастрување, што овозможува добра топлотна заштита. Па така, најдобро е одвреме-навреме да посетите фризерски салон за кучиња. Експертите кои работат во нив на најдобар начин ги отстрануваат мртвите и замрсени влакна кои можат да станат и опасност по здравјето на кожата на миленикот.

На кучињата не треба да им се брани да трчаат по вода, напаѓани лисја или влажна земја. По прошетката по дожд и кал, секако, им се советува на сопствениците задолжително сушење на шепите и бришење на кучето со пешкир. Есенскиот ритуал после престој на отворено би требало задолжително да содржи и четкање и расчешлување на влакното. Сето тоа трае пократко од десет минути, а гарантира одржување на влакното на животното во добра состојба.

Крлежи и болви

Есента не е време на „цутење“ на ектопаразитите, како што се болвите и крлежите, но никако не смееме да заборавиме на нив, иако температурите се значително пониски отколку во времето на нивното масивно присуство. Тоа особено се однесува на болвите, кои напаѓаат во текот на целата година. Во последно време чести се наглите затоплувања во текот на есента и зимата, кога овој вид паразити особено нагло и брзо се шири. Времето за мазење и игра со миленикот задолжително искористете го за да проверите дали можеби во кожата му се завлекол некој од непосакуваните потстанари. Секако, превенцијата се подразбира, а на вас е да изберете препарат што најдобро му помага на вашиот миленик.

Исхрана

Многу луѓе паѓаат во замката која гласи: Во есенските и зимските месеци на милениците им е потребно повеќе храна. Ова важи воглавно за селските и кучињата кои постојано живеат надвор. Ним навистина им е потребна поголема количина храна за да поефикасно ја одржуваат телесната температура. За домашните кучиња ова не важи. Ним и во ладниот дел од годината им е доволна истата количина на храна што ја земаат и во останатите месеци. Не смееме да заборавиме дека дебелината на кучето може да му направи само штета, бидејќи таа е причинител на низа болести и компликации.

Болести

Во текот на ладниот период се јавуваат болести поврзани со горниот респираторен тракт. Најчесто е присутна заразната кашлица. Воглавно е со умерен тек и после интервенцијата на ветеринарот и блага терапија поминува за пет до седум дена. Артритичните кучиња и мачки значително потешко го поднесуваат студот. Покрај регуларното затоплување, посебно треба да се заштитити заболениот зглоб или регија и да се употребуваат лекови против болки.

Облекување

Погрижете се на вашето куче да не му биде ладно, како во домот, така и за време на прошетката. Колку топлина му е потребно на миленикот, воглавно знае секој сопственик. Меѓутоа, не е на одмет да се потсети дека гардеробата е задолжителна за сите кратковлакнести, салонски и нежни кучиња. За разлика од нивните далечни роднини со појака конституција и посилно влакно, на малтезерите, бишоните, пудлите, чивавите и сличните раси им е неопходна соодветна гардероба при излегување надвор. На малите кучиња им се плетат посебни џемпери или им се шијат наметки, јакни и капути. Во специјализираните продавници за животни изборот на гардероба е одличен. Како и во бутик за луѓе, во нив секој сопственик може да избере што на неговото куче најмногу му одговара и да го проба – мек џемпер, шушкава јакна со крзнена постава или без неа… Постојат дури и обувки, односно чорапи и чизмички во разни големини, кои се одлична заштита за шепите. Проблем знае да биде што добар дел од животните не прифаќа да носи облека. Во тој случај миленикот треба постепено да се навикнува на лесна наметка, која со време ќе ја прифати како составен дел од прошетката. Посебно се корисни мантилите, кои се добредојдени токму во текот на дождливите есенски денови.

Не треба да се заборави дека човекот и животното често немаат исто доживување на топлината. Затоа местото каде престојува кучето не треба да се прегрева, туку да му се овозможи оптимална температура (20°C).

Во ветеринарната амбуланта за домашни миленици и пет шоп „Панда“ во Скопје можете да ги добиете скоро сите продукти и услуги за кои зборувавме погоре. За консултации, јавете се на телефонот 070/700-784.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784