Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

Пишете ни! или јавете ни се на 070/700-784

COVID-19 и домашните миленици: Втор бран

Европскиот континент, вклучително нашата држава, се справува со девастирачките последици од вториот бран на COVID-19. Што треба да знаете за да се заштитите себеси и здравјето на вашите домашни миленици?

Регистриран е мал број на домашни миленици во светот, вклучително мачки и кучиња, кои биле заразени со SARS-CoV-2, вирусот што ја предизвикува болеста COVID-19, воглавно после близок контакт со луѓе со COVID-19. Врз основа на лимитираните информации кои се достапни досега, ризикот за ширење на COVID-19 од животни на луѓе се смета за низок. Забележано е дека SARS-CoV-2 во некои ситуации може да се пренесе од луѓе на животни. Затоа, третирајте ги домашните миленици на ист начин како луѓето членови на семејството – не дозволувајте им да имаат интеракција со луѓе кои не се дел од вашето домаќинство. Ако лице во вашиот дом се разболи, изолирајте го од останатите, вклучително и од животните.

Коронавирусите се големо семејство на вируси. Некои коронавируси предизвикуваат болести слични на настинката кај луѓето, додека други предизвикуваат болести кај одредени видови животни, како што се говедата, камилите и лилјаците. Некои коронавируси, како кучешките и мачјите, се пренесуваат само меѓу животните и не се заразни за луѓето.

Ризикот за ширење на COVID-19 од луѓе на домашни миленици

Сѐ уште учиме нови работи за SARS-CoV-2, вирусот што ја предизвикува болеста COVID-19, но забележно е дека во некои ситуации може да се пренесе од луѓе на животни. Регистриран е мал број на домашни миленици во светот, вклучително мачки и кучиња, кои биле заразени со вирусот воглавно после близок контакт со луѓе со COVID-19. Инфицираните животни може да се разболат (да им се влоши здравствената состојба) или може да немаат никакви симптоми. Од домашните миленици кои се разболеле, повеќето имале лесна клиничка слика и целосно се опоравиле.

Што да правите ако имате домашни миленици

Сѐ додека не дознаеме повеќе како овој вирус влијае врз животните, третирајте ги домашните миленици на ист начин како луѓето членови на семејството како би ги заштитиле од можна инфекција со вирусот. Поради тоа што постои ризик луѓето со COVID-19 да го пренесат вирусот на животни, се препорачува сопствениците на домашни миленици да ја ограничат интеракцијата на нивните домашни миленици со луѓе кои не се дел од нивното домаќинство.

Мачките чувајте ги внатре во домот, ако сте во можност, и не им дозволувајте слободно да шетаат надвор. Кучињата, пак, шетајте ги на поводник на одалеченост од најмалку 2 метри од останатите. Избегнувајте јавни места каде се собираат поголем број на луѓе. Не им ставајте маски на животните. Маските можат да му наштетат на вашиот домашен миленик.

Нема докази дека вирусот може да се пренесе на луѓе од кожата, крзното или влакното на домашни миленици. Немојте да го бришете или капете вашиот домашен миленик со хемиско средство за дезинфекција, алкохол, хидроген пероксид или други продукти, како што се средство за дезинфекција на раце, марамици за чистење на површини или други индустриски или површински средства за чистење. Консултирајте се со вашиот ветеринар доколку имате прашања во врска со соодветните продукти за капење или за одржување на хигиената на вашиот домашен миленик, како и доколку се разболи или имате какви било прашања во врска со неговото здравје. Не преземајте ништо на своја рака!

Заштитете ги домашните миленици ако сте болни

Ако сте заболеле со COVID-19 (било да сте суспектни или тоа да е потврдено со тест), треба да го ограничите контактот со вашите домашни миленици и други животни, исто како што тоа би го направиле со луѓето. Сѐ додека не дознаеме повеќе за вирусот, луѓето болни со COVID-19 треба да избегнуваат контакт со домашните миленици и други животни.

Ако сте во можност, додека сте болни, препуштете ја грижата за вашите домашни миленици на друг член од вашето домаќинство. Избегнувајте контакт со вашиот домашен миленик вклучително мазење, гушкање, да ве бакнува или лиже, делење храна и спиење во ист кревет. Ако веќе морате да се грижите за вашиот домашен миленик или да бидете околу животни додека сте болни, носете маска и мијте ги рацете пред и после интеракцијата со нив.

Ако сте болни со COVID-19 и се случи вашиот домашен миленик да се разболи во меѓувреме, не носете го самите на ветеринар. Јавете му се на ветеринарот и информирајте го дека имате COVID-19. Различни ветеринарни амбуланти имаат различни протоколи за работа во овие услови: некои ветеринари може да понудат телемедицински консултации или други начини за преглед на болните домашни миленици. Вашиот ветеринар ќе ја процени здравствената состојба на животното и ќе ги одреди натамошните чекори за лекување и нега на вашиот домашен миленик.

Останете здрави во опкружувањето со животни

Нема докази дека животните играат значајна улога во ширењето на COVID-19. Врз основа на лимитираните информации кои се достапни досега, ризикот за ширење на COVID-19 од животни на луѓе се смета за низок. Сепак, бидејќи сите животни може да носат микроби кои можат да бидат штетни по здравјето на луѓето, секогаш е добра идеја да се практикуваат здрави навики во интеракцијата со домашните миленици и други животни. Мијте ги рацете откако сте имале контакт со животни, нивната храна, отпад или залихи. Практикувајте редовно одржување на хигиената на домашните миленици и правилно чистете по нив. Консултирајте се со ветеринар ако имате прашања во врска со здравјето на вашиот домашен миленик.

Имајте предвид дека децата до 5-годишна возраст, луѓето со ослабен имунолошки систем и постарите лица се во поголем ризик да се разболат од микробите кои може да ги носат некои животни. Па така, со грижата за здравјето и хигиената на вашиот домашен миленик вие се грижите и за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски.

Бидете свесни дека секој од нас има одговорност за заштитата на сопственото и на јавното здравје. Задолжителното носење заштитна маска на лицето согласно препораките, одржувањето физичка дистанца и миењето на раце се клучни во борбата со COVID-19 и единствените мерки во моментов кои може да го стопираат ширењето на вирусот.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784