Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Што ни носи пролетта? Совети за сопствениците на кучиња

Менувањето на годишните времиња бара постојано прилагодување. Температурните промени, разлистувањето и цветањето ни најавуваат пријатен престој во природа, за нас и нашите домашни миленици, но и предизвици за кои треба да се подготвиме. Еве неколку совети кои може да ви помогнат да се подготвите за сѐ што пролетта носи со себе.

Токму како и луѓето, и кучињата ги обожуваат пролетта, сонцето, пријатните температури и повеќе време на отворено. После лимитираните активности поради зимските услови, тие им се радуваат на подолгите прошетки и денови и конечно можат да ја потрошат сета енергија која во нив се насобрала во текот на зимскиот период. Сепак, добро е да се имаат на ум и некои потенцијални проблеми и опасности кои нѐ демнат со доаѓањето на пролетта.

Облека

Облеката за кучиња може да се подведе под мода и потреба. Од една страна, сведоци сме на сѐ поголемиот број на брендови кои произведуваат облека и додатоци за кучиња, а од друга страна – свесни за заштитата што тие ја пружаат на нашите домашни миленици. Малите кучиња се поосетливи на студот и другите надворешни влијанија, па за секое годишно време им треба соодветна заштита. За пролетните денови приуштете му на својот миленик мека, функционална гардероба која ќе му овозможи непречен престој во природа и ќе ја одржува неговата телесна температура.

Алергии

Кучињата се склони кон пролетни алергии. Поленот од првото цветање на дрвјата, глуварчињата и лалињата, како и прашината, мувлата и каснувањата од инсекти можат да предизвикаат алергиски реакции. Симптомите се чешање, кашлање, кивање и мрсна кожа. Никогаш не користете лекови за алергија наменети за луѓе туку побарајте помош од ветеринар. Исто така, морате да водите сметка за билките на кои вашиот домашен миленик е изложен дома бидејќи може да се случи некоја од домашните билки да е отровна за него. Имено, освен луѓето и животните, напролет се будат и билките и започнува уредувањето на градините и дворовите. Ако живеете во куќа, потребно е да обратите внимание на билките кои ги садите и да проверите дали се потенцијално опасни и отровни за вашите домашни миленици.

Треба да се има на ум дека некои кучиња сакаат да копаат, особено ако забележат свежи траги од уредување на градината и на тој начин може да дојдат во контакт со разни ѓубрива и пестициди кои за нив можат да бидат отровни. Многу е важно сите потенцијално опасни работи да ги ставате на места кои никогаш не се достапни на вашите домашни миленици.

Во пролет почнуваме и со сеопфатно чистење и средување на домот. Особено е важно да внимавате на препаратите кои притоа ги користите, бидејќи многу од она што е невидливо за нашето око останува на шепите и крзното на домашните миленици, кои потоа со лижење го внесуваат во организмот. Користете што повеќе природни средства за чистење.

Митарење

Многу кучиња се митарат напролет и тоа е сосема природно. Нежното и редовно четкање на крзното е неопходно бидејќи ја стимулира кожата и спречува заплеткување на влакното. Секоја раса има свои специфичности и бара различна нега. Доколку температурата е во пораст, својот домашен миленик можете да го израдувате со нежна купка.

Нега на шепите

Во текот на пролетта неопходно е да водите сметка за шепите на вашето куче. После престојот во природа проверете ги крзното и шепите на кучето за да можете веднаш да изреагирате на евентуалните каснувања од крлежи или повреди на шепите. Разните пролетни билки, како што е дивиот јачмен (осатка), можат да се забодат меѓу перничињата на шепите и да го повредат кучето. После секоја прошетка измијте ги шепите на кучето со млака вода.

Заштита од надворешни паразити

Во зависност од тоа каде живеете, комарците стануваат се поактивни, а најопасни се како преносители на болеста срцев црв или дирофилариоза. Генерално, во текот на целата година треба да се погрижите кучето да биде заштитено од комарци кои имаат тенденција да останат подолго активни доколку временските прилики им се наклонети (поради климатските промени, во поново време есента и зимата се потопли и повлажни од просекот). Освен комарците, тука се и крлежите кои се опасни како преносители на пироплазмоза (бабезиоза). Пироплазмозата е најчесто акутна состојба, а се манифестира со зголемена телесна температура, слабост, депресија, анорексија, бледило на видливите мукозни мембрани, лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли). Понекогаш симптомите може да бидат благи и неспецифични, а бидејќи станува збор за потенцијално смртоносна болест, потребно е навремено, без одлагање, да се обратите на ветеринар.

Како и кај луѓето така и кај животните, најдобар лек е превенцијата. Денес се достапни многу производи за борба против овие непријатни напасти и болестите и проблемите кои можат да ги предизвикаат. Превентивните прегледи и третмани се далеку поевтини и побезболни од лечењето на и најмалата компликација што овие натрапници можат да ја предизвикаат. Редовните посети на ветеринар и самостојните прегледи на домашните миленици за крлежи и други паразити се нешто што никако не смеете да го заборавите или изоставите од рутинската нега на домашниот миленик. Крлежите обично се наоѓаат околу главата, на ушите, вратот, во пределот на градите и предните нозе, иако можат да се најдат насекаде. Многу е полесно да ги напипате отколку да ги воочите со голо око, особено ако вашето куче има подолго влакно.

Активности

Цутењето на природата, порастот на температурата и дружењата на отворено ќе измамат насмевки и ќе ја зголемат желбата за физички и социјални активности, како кај вас така и кај вашиот домашен миленик. Погрижете се престојот во природа да му го направите безбеден и угоден, а тој ќе ви се одолжи со безгранична љубов.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784