Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Како староста влијае на мачките

На вашата мачка ѝ треба различна нега во секоја фаза од нејзиниот живот – но, што ја прави мачката сениор и како треба да се грижите за неа на таа возраст?

На вашата мачка ѝ е потребна поинаква нега во текот на секоја фаза од животот за да се одржи нејзината благосостојба – било да станува збор за фазата на растење во животот на маче или одржувањето на здравјето на постара мачка. Но, кога мачката може да се смета за сениор и кои промени можете да ги забележите кај неа?

Возраста на мачките во човечки години

Како и кај луѓето, процесот на стареење е индивидуално искуство, па различни мачки ќе покажуваат знаци на стареење во различно време. Меѓутоа, телото на вашата мачка генерално ќе почне да ги покажува првите знаци на стареење на клеточно ниво на возраст од седум години. Но, нема да можете да видите никакви надворешни симптоми додека вашата мачка не наполни 12 години. Од тој момент, клетките во нивното тело се успоруваат и нивните телесни функции стануваат помалку ефикасни, вклучително нивното срце и имунолошки систем.

Ветеринарната класификација на возраста на вашата мачка е следна:

  • на возраст од 7 до 10 години, мачката е зрела
  • на возраст од 11 до 14 години, се смета за сениор
  • од 15 години нагоре, се класифицира како геријатриска.

За да го разберете тоа во контекст на човечки години, десетгодишна мачка би била еквивалент на човек стар 56 години. Не е невообичаено мачките да доживеат возраст од 20 години – тоа е еднакво на човек стар 96 години.

Знаци на стареење на вашата мачка

Иако секоја мачка ќе покажува различни знаци на стареење, постојат некои вообичаени процеси на стареење низ кои поминува секоја мачка. Мирисот, вкусот и слухот слабеат, што влијае на нивниот апетит. На тоа може да влијаат и стоматолошките проблеми како што се трошењето на забите, болестите на непцата или губењето на забите. Комбинацијата на тие проблеми може да доведе до губење на тежината.

Нивните зглобови се помалку флексибилни, особено ако се зафатени со остеоартритис, што резултира со големи болки и проблеми во движењето. Оваа нефлексибилност влијае и на нивната способност за одржување на влакното, што за последица има проблеми со крзното и кожата.

Самото крзно станува посветло и можеби ќе забележите со полош квалитет бидејќи лојните жлезди, кои лачат хранливи масла за кожата, не се повеќе толку продуктивни. Природната способност за имунолошки одговор со годините се намалува, со што мачката е изложена на поголем ризик од инфекции и болести. Неколку метаболички процеси, како што е варењето на храната, исто така се менуваат како со годините слабее способноста на организмот да ги разградува мастите и протеините.

Постарите мачки може да покажуваат и промени во однесувањето, вклучувајќи недостаток од интеракција или испуштање звуци кога не им време за дружење. Можеби ќе спијат повеќе, но помалку во длабок сон, што може да влијае на нивната дневна рутина и да предизвика проблеми во однесувањето.

Симптоми на болести кај постарите мачки

Понекогаш овие симптоми кај постарите мачки не се само знак на стареење туку можат да бидат симптоми на посериозен проблем.

Мачките се склони да ги прикриваат болестите, па ќе го ограничат движењето или активноста, што дополнително го отежнува проблемот, бидејќи нема да укажуваат на болка со препознатливи знаци како што се куцање или испуштање звуци. Од таа причина важно е да се земат предвид какви било суптилни промени во нивното однесување, како што се одбивање храна или престанување со скокањето на омиленото место, и треба да се однесат на ветеринар на преглед.

Постојат некои вообичаени симптоми за кои треба да се поведе сметка кај постарите мачки, а кои можат да укажуваат на посериозен проблем:

  • губењето на апетитот или на тежината може да укажуваат на проблем со варењето на храната
  • зачестеното мокрење или жед се потенцијални знаци на проблеми со уринарниот систем
  • вкочанетоста, куцањето или отежнатото станување може да укажуваат на артритис
  • наизглед дезориентирано, анксиозно или необично однесување

Со редовните посети на ветеринар посериозните состојби се откриваат навреме, пред да се развијат или станат животозагрозувачки, и така се осигурува најдобрата можна нега за вашата постара мачка.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784