Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Вжарениот асфалт и песок се опасни за кучешките шепи

Високите температури, особено во летниот период, не се опасни само за луѓето, туку и за милениците. Најголема опасност се топлотен удар и сончаница, но кучињата можат да добијат и изгореници, исто како и луѓето.

Некои раси се поосетливи на високите температури и изложувањето на сонце. Повеќето се оние со кратко влакно, но и долговлакнестите кучиња можат да настрадаат. Најизложените регии се муцката, очите, ушите, стомакот и шепите.

Како и кај луѓето, многу е важно да ги забележите првите знаци дека сте предолго на сонце или во прошетка со вашиот миленик. Првиот знак на предолго изложување на сонце е црвенило кое никако не е безопасно. Милениците ќе имаат потреба да се почешаат на повредените места и со тоа можат да ја влошат состојбата и да направат рана, а и да ја инфицираат. Црвенилото може да биде знак и на изгореници од втор степен, па како последица може да се јави грозница. Во тој случај веднаш појдете на ветеринар. Стапете во контакт со нас на телефонот 070/700-784.

Она што е исто така многу важно е да внимавате на шепите. Тие не можат да изгорат на сонцето, но можат да настрадаат од жешкиот асфалт или песок. Ако надворешната температура е 30 степени целзјусови, асфалтот што е директно изложен на сонце може да се загрее и до 60 степени целзјусови. Шепите на милениците можете да ги заштитите со различни мелеми, но ако имате избор тогаш избегнувајте прошетки по асфалт и долготрајно изложување на сонце.

За да бидете сигурни дека асфалтот не е претопол, ставете ја дланката на него и држете ја десет секунди. Ако не можете да издржите и претопло ви е за вашата рака, секако ни на вашиот миленик нема да му биде пријатно да шета по асфалтот.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784