Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Врската меѓу мачката и сопственикот

Мачките љубовта кон сопствениците обично ја изразуваат на неколку вообичаени начини: со мазење, мјаукање и трлање од вас. Вашиот крзнен пријател може да има различен однос со вас, што може да варира од отворен до зависен, но, според истражувачите од Универзитетот во Линколн, Велика Британија, овие однесувања – и како се случуваат – значат повеќе од чиста наклонетост. Тие откриле дека мачките се способни да развијат пет различни форми на однос со своите сопственици, а начинот на кој комуницираат со вас може да ви помогне да разберете која од овие врски ја делите.

Во истражувањето насловено „Мојата мачка и јас – студија за перцепциите на сопствениците на мачки за нивната врска и однос“ што го спровеле научници од Универзитетот во Линколн, биле вклучени скоро 4000 сопственици што одговориле на серија изјави за нивното и однесувањето на нивниот миленик.

И покрај популарноста на мачките како миленици, малку е познато за нивната врска и однос со сопствениците. Студијата идентификува и карактеризира различни типови на однос што мачките може да ги воспостават со нивните сопственици, користејќи теории за човечка поврзаност и социјална поддршка.

Прибирани се информации за различните емоционални елементи што можат да ја чинат основата на односот. Во нив биле опфатени потенцијалната перцепција на мачката за сопственикот како сигурна база во домот, нивото на ангажираност на сопственикот со мачката, нивната сензитивност за потребите на мачката и конзистентноста на интеракцијата на сопственикот со мачката.

Идентификувани биле пет различни форми на однос мачка-сопственик. Овие односи се она што луѓето можат да го категоризираат како: „отворена врска“, „врска на далечина“, „лежерна врска“, „козависност“ и „пријателство“.

Професорот Даниел Милс, бихејвиорален експерт за животни на Универзитетот во Линколн, вели:

„Мачките формираат блиски емоционални односи со луѓето, но сѐ уште малку се знае за тоа. Како и кај кој било комплексен однос, врската меѓу мачката и сопственикот е продукт на динамиката меѓу двете инволвирани единки, со нивните одредени особини на личноста. Иако мачките се познати како воздржани животни, ова не е толку честа појава како што се мисли. Всушност, пошироката дружељубивост на мачката и очекувања на сопственикот можат да бидат значајни, а се чини дека нивото на емоционална инвестиција на сопственикот во мачката и дружељубивоста на мачката се посебно важни во разликувањето каков тип на врска имаат заедно“.

„Отворената врска“ се карактеризира со благо емоционално инвестиран сопственик и мачка што избегнува интимизирање и социјална интеракција. Во „врската на далечина“ и „лежерната врска“ има релативно емоционално-дистанциран сопственик, но прифаќањето на други луѓе од страна на мачката варира. Во односите категоризирани како „козависност“ и „пријателство“ имаме емоционално инвестирани сопственици, но, повторно, прифаќањето на други луѓе од страна на мачката варира, како и потребата на мачката да остане во близина на својот сопственик.

Научниците се надеваат дека истражувањето ќе послужи за да се подобри разбирањето на врските на сопствениците со нивните мачки и трасирање на патот до подобра грижа за милениците.

Типови на однос мачка-сопственик

Отворениот однос значи дека вашиот миленик е независен и дека на ист начин комуницира со вас, сопственикот, и со останатите луѓе, но исто така не мора нужно да значи дека сака да се мази за да ви докаже дека е врзан за вас.

При козависност, мачката често зависи од сопственикот, а таквиот однос е резултат на доживувањето на миленикот како член на семејството. Сопственикот обично редовно се игра со мачката и на неа се гледа како на дел од иста општествена група – мачката е пријателски поставена кон сопственикот, дури и редовно му ги лиже рацете и лицето и го смета за сигурна база. Ова е врска што се ствара во домаќинства каде има повеќе мачки.

Во лежерната врска мачката преферира животен стил на отворено. Таа и натаму ќе сака да се мази и да биде во друштво на својот сопственик, но веројатно ќе лута по различни делови на вашиот дом и ќе се чувствуваат попријатно кога се сами, па дури и со денови. Оваа мачка сака да биде во близина на сопственикот, но не чувствува потреба да го следи по домот.

Пријателскиот однос на мачката кон сопственикот изгледа како пријателство меѓу двајца луѓе – сопственикот емотивно влегува во овој однос, се игра, мази и ја сака мачката, а мачката за возврат е љубезна, мила и пријатна кон него. Исто така, мачките кои изградиле ваков вид однос со својот сопственик ќе бидат пријателски настроени и кон други мачки, но и човечки посетители. Оваа мачка сака да биде во близина на сопственикот, но не чувствува потреба да одржува физички однос со него – не го следи постојано сопственикот по домот. Раздвојувањето од оваа мачка нема да биде трауматично, ниту за неа ниту за сопственикот. Ваква врска се ствара најчесто кај мачки кои имаат пристап до отворен простор.

Дружењето на далечина е однос што е повеќе базиран на потреби. Тоа значи дека се грижите за мачката, но не се смета за член на вашето семејство или близок пријател, па мачките обично ќе се држат понастрана од сопственикот.

Темпераментот како фактор

Како и во секој однос, во врската меѓу вашите миленици и вас мора да постои взаемен однос на давање и примање, посебно кога ќе ја земеме предвид независната природа на мачките во споредба со кучињата. За квалитетен однос меѓу мачката и сопственикот клучно е токму почитувањето на независноста на мачката од сопственикот. Па така, соодветно на тоа, дозволете ѝ таа да ви пријде и таа да го избере начинот на кој ќе го стори тоа и со самото тоа воспостави конекција со вас. Уживајте во друштвото на вашите крзнени пријатели и пробајте да ги разберете и изградите добра врска.

Секако, пристрасноста во очекувањата на луѓето од животните влијае на нивното однесување. Со присилувањето на мачките да се однесуваат поинаку, односно онака како што ние посакуваме, ние всушност ги оддалечуваме од нивното природно однесување. Затоа секогаш дајте им простор и време.

Психологијата на мачките, природата и карактеристиките на нивното однесување кон вас исто така зависат од тоа на кој вид на темперамент му припаѓа животното од раѓање. Постојат четири такви видови.

  • Сангвиник – оваа мачка брзо се навикнува на ново опкружување и исклучително сака деца. Добро се слага со други домашни миленици во домот, подвижна е, но умерено активна.
  • Колерик – мачка која е многу активна. Меѓутоа, расположението брзо им се менува, гласно мјаукаат, па дури и ‘ржат. Не толерираат ограничување од каков било тип, но не сакаат или не можат да ги контролираат емоциите, па често може да изгребат или повредат друго животно. Никогаш не можете да знаете што да очекувате од нив. Таква мачка сака да го дели животот со сопственик што води активен начин на живот и што и самиот е склон кон промени на расположението. Оваа мачка не е добар избор за семејства што имаат мали деца.
  • Флегматик – мирна и донекаде тромава мачка. Ретко покажува емоции, воздржана е и многу повлечена. Може да спие деноноќно и да има безволен поглед како на вас така и на животот. Оваа мачка е одличен избор за постари луѓе и оние кои не се активни и сакаат поголемиот дел од денот да го поминуваат дома.
  • Меланхолик – овие мачки се многу чувствителни. Немојте да се осудите да го повишите тонот на вакви миленици, а камоли физички да ги казнувате. Доста се срамежливи, се плашат од непознати луѓе, но и од нови предмети во домот. Психологијата на ваквите мачки ја краси голема лојалност и љубов кон луѓето. Но нивниот избор паѓа само на еден човек, што им станува пријател, оти се моногамни по природа.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784