Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Мачките и нивната фасцинација со пластични кеси

Нашите чупави миленици не се опседнати само со кутии, туку и со пластични кеси, нивниот мирис и звукот на шушкање.

Дека мачките се малку палави и дека наоѓаат најневеројатни начини да се забавуваат – тоа веќе го знаеме, но од каде е фасцинацијата со така едноставни и, можеме слободно да кажеме, така досадни предмети како што се кутиите и пластичните кеси? Сигурно барем еднаш својот миленик сте го затекнале како лежи во кеса и ви упатува поглед кој како да говори „Што ме гледаш? Што е чудно?“. Други мачки ќе ги душкаат кесите кога ќе се вратите од набавка, а некои и ќе ги лижат за да испитаат какво е тоа чудо пред нив. За среќа, оваа заинтересираност на мачките ги интригира и научниците, па тие објаснуваат што наоѓаат толку интересно нашите миленици во пластичните кеси од продавница.

Звук

На мачките играњето со пластичните кеси им е многу интересно првенствено поради звукот што се произведува во интеракција со нив. Шушкањето на кесите всушност им наликува на движењето на пленот низ суви и густи грмушки, па овој звук останал запишан во мачкините гени и ги привлекува до ден-денес, иако повеќе не се диви, туку наши, домашни мачки. Тие и натаму се предатори со силни инстинкти и уживаат секој ден нешто ментално и физички да ги стимулира. Потрудете да им купите играчки што имаат сличен звук и поттикнувајте ја вашата мачка да се игра со нив. Многу играчки се наполнети со мачкина трева, која дополнително ќе ги воодушеви. Пластичните кеси, иако забавни, може да бидат и опасни бидејќи мачките при игра можат да се заплеткаат во нив и да се задушат или повредат.

Мирис

Во кесите што ги носиме дома во скоро 100% од случаите се наоѓа храна, а знаеме колку сетилото за мирис на мачките е посилно од човечкото. Замислете колку им е примамлив мирисот на кесата во која сте донеле продукти од пазар или од продавница. Тоа нашите миленици мораат да го проверат и помирисаат. Пластиката исто така добро впива мириси, па ако во неа сте донеле печено пиле бидете сигурни дека долго ќе мириса на него, а на мачките тој мирис им е неодолив.

Вкусен материјал

Можеби не сте знаеле, но пластичните кеси неретко се изработуваат од биоразградливи материјали како што е пченкарниот скроб. Нашиот нос тоа сигурно нема да го забележи, а се разбира дека нема да земеме да ја грицкаме кесата за да го провериме нејзиниот вкус, но нашите мачки може да го направат тоа. На некои мачки скробот им е и миризлив и вкусен, а некои кеси содржат и супстанции настанати од животински масти, па нашите миленици ќе го „уловат“ и тој мирис и вкус. Некои производители користат и рибино масло за кесите да бидат поцврсти и за да не се кинат. Сите тие се работи што нашите мачки ги сакаат и ги сметаат за вкусни и примамливи, барем за душкање.

Досада

Како што многу пати сме досега сме истакнувале, мачките се многу активни и љубопитни битија и ако немаат предизвик, ќе им стане досадно. А ако на мачката ѝ е досадно, ќе стане палава. Ако одеднаш се заинтересира за кеси, знајте дека ѝ фалат нови и интересни работи, па пробува да се забавува со нова играчка. Кога излегувате од дома, оставете му на вашиот миленик на дофат на шепите играчки, скријте гранули по домот што ќе мора да се потруди да ги пронајде, направете патеки за искачување по кои ќе може да се пентари и трчка. Препораките на стручњаците се секогаш „конг“ играчки во кои можете да ставите гранули или десерти, како и играчки наполнети со мачкина трева, пишува магазинот „Мачка“.

Опасности

Фасцинираноста на мачките со кесите може да ни биде смешна, но треба да ги одвратиме од оваа навика бидејќи кесите може да бидат опасни. Пред сѐ, постои опасност од давење доколку мачката се заплетка во рачките, како и од гушење ако тргне да ја јаде кесата. Понатаму, ако проголта парче од пластична кеса, оваа содржина не може да се свари во стомакот на мачката, па може да дојде до блокада во работата на цревата. Водете сметка да не ја оставате мачката сама со кеси и потрудете се секогаш да има свои играчки на располагање. И, конечно, престанете да користите пластични кеси и на тој начин истовремено ќе ја зачувате и животната средина и вашиот миленик.

Пореметување во однесувањето

Некои стручњаци велат дека лижењето или цицањето на пластични кеси може да биде и симптом на опсесивно однесување или пик на некое пореметување, кога милениците јадат нешта што не се јадат. Причината може да биде депресија или недостаток на хранливи материи во исхраната. Ако забележите вакво однесување, што вашата мачка не го манифестирала порано, време е за посета на ветеринар. Нашата амбуланта за домашни миленици ви стои на располагање.

Кутии

Сигурно сте забележале дека мачките сакаат да се сместат во мали простори, каде се чувствуваат безбедно и удобно. Наместо да бидат изложени на можните закани и опасности што ги демнат на отворен простор, мачките преферираат да се завлечат во помали области во појасни граници. Кога се млади, мачките уживаат да се мазат со својата мајка и другите мачиња од леглото, чувствувајќи топлина и смирувачки контакт. Блискиот контакт со внатрешноста на кутија, се претпоставува, доведува до ослободување на ендорфин што предизвикува задоволство и го намалува стресот.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784