Сопствениците на мачки веројатно знаат колку мачките можат да бидат слатки и палави, но дали знаевте дека секоја мачка има уникатна муцка и дека отпечатокот на нејзината муцка е како отпечаток на прст кај луѓето.
Во прилог ви пренесуваме неколку интересни факти за мачките:
Мачките се поздравуваат со триење на муцката. Тие не можат да го видат делот од устата под муцката, а рапавиот јазик им овозможува да се исчистат темелно. Сите знаеме дека мачките воглавно „слетуваат“ на сите четири нозе, но дали знаевте дека тоа е така поради нивните очи и посебни органи за рамнотежа во внатрешното уво.
Повеќето мачки немаат трепки, а мачките имаат дури 24 коски повеќе отколку луѓето.
Мачките можат да произведат повеќе од 100 звуци, додека кучињата само десет.
Севкупно земено, мачките се проѕеваат повеќе од 200 милиони пати во еден час.
Во Северна Америка мачките се попопуларни миленици од кучињата, а се претпоставува дека има околу 73 милиони мачки.
Интересно е дека мачките не можат да осетат дали нешто е слатко или не.
Мачкиното срце во просек има 110-140 отчукувања во минута, што е двојно повеќе отколку кај луѓето.
Најстарата раса на мачки е египетската мау мачка.
Во стар Египет, кога ќе починела домашната мачка, сопствениците ги бричеле веѓите во знак на жалост.