Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Како да знаете дека вашата мачка не се чувствува добро

Повишена телесна температура е најчест симптом што упатува на пореметување во организмот или на болест. Во 90% од случаите температурата е форма на одбранбена реакција на организмот на вирусна или бактериска инфекција.

Мачките обично имаат нормална телесна температура помеѓу 38°C и 39°C. Ако температурата на вашата мачка премине 41°C, тогаш се наоѓа во сериозен ризик од оштетување на виталните органи. Доколку мислите дека мачката има грозница и се чувствува непријатно кога ѝ мерите температура, исклучително важно е веднаш да контактирате ветеринар (побарајте нѐ на 070/700-784) што ќе може брзо и точно да ги процени температурата и општото здравје на мачката.

Педијатрискиот ректален топломер е најдобар начин прецизно да ја измерите температурата на вашиот миленик. Нанесете вазелин или маслиново масло на топломерот за да го подмачкате, а потоа нежно вметнете го во аналниот отвор. Важно е да не одите предалеку бидејќи тоа може да го оштети деликатното ректално ткиво. Можеби ќе ви треба помош од некого за да ја смирите мачката. Оставете го топломерот на место најмалку две минути за да добиете точно отчитување.

Грозницата обично се јавува кај мачките кога нивниот имунолошки систем се активира како резултат на состојби како што се: бактериска, вирусна или габична инфекција; повреда; траума; одредени лекови; тумор; болести како што е лупус.

Мачките на отворено се во најголем ризик од изложување на болести што можат да предизвикаат грозница, како што се:

  • цитаукзооноза – состојба која се пренесува преку крлежи, исто така позната како мачкина грозница;
  • хемобартонелоза – паразитска бактериска инфекција на крвта која се приметува кај мачките;
  • ерлихиоза – состојба која, исто така, се пренесува преку крлежи, која може да влијае врз мачките;
  • бартонелоза – попозната како грозница од мачкини гребаници;
  • токсоплазмоза – паразитска состојба за која се знае дека предизвикува грозница кај мачките.

Во зависност од примарниот причинител, кај мачката може да се јават еден или повеќе од следните симптоми:

  • недостаток на апетит;
  • слабост или летаргија;
  • треперење;
  • брзо чукање на срцето;
  • намалена активност;
  • дехидрација;
  • лошо одржување хигиена;
  • повраќање и дијареја.

Што да направите ако има повишена температура? Никогаш не ѝ давајте на мачката лекови што ги пијат луѓето без експлицитен совет од ветеринар. Многу лекови за луѓе може да бидат исклучително токсични за мачките. Погрижете се вашата мачка да остане хидрирана така што ќе ѝ обезбедите лесен пристап до чиста вода и удобно место за опуштање. Ако грозницата трае повеќе од 24 часа, контактирајте ветеринар или посетете локална амбуланта. Ветеринарот ќе направи комплетен преглед на мачката за да ја утврди причината за грозницата и ќе препише најсоодветен третман што ќе му помогне на миленикот да оздрави. Во некои случаи, дури и по сеопфатен ветеринарен преглед, причината можеби нема да биде очигледна и на мачката може да ѝ биде дијагностицирана грозница од непознато потекло. Ако има умерена или тешка дехидрација, интравенозните течности може да се користат за да се чувствува подобро.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784