Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Како да го заштитите вашето куче од топлотен удар

Во летниот период ги имаме најтоплите денови во годината и затоа е важно да знаеме дека кучињата се изложени на повреди и болести што се предизвикани од високите температури. Во текот на летото, кучињата се под зголемен ризик од тоа да изгорат на сонце, да им изгорат шепите од топлината, да дехидрираат или да доживеат топлотен удар.

Топлотниот удар кај кучињата, кој може да доведе до откажување на органите, напади, оштетување на мозокот, крварење, слепило, грчеви или дури и смрт, е можеби најопасната состојба за која како одговорен сопственик мора да се грижите.

Првиот симптом на топлотен удар е исцрпеноста…

Топлотниот удар и исцрпеноста се опасни закани за кое било куче, без разлика на нивната раса. Топлотната исцрпеност е рана фаза на прегрејување кај кучињата. Затоа е потребно веднаш да реагирате и да ја намалите телесната температура на животното и на тој начин да спречите смртоносен топлотен удар. Симптомите на топлотна исцрпеност вклучуваат: дијареја, мачнина и повраќање, забрзано дишење, црвенило на кожата во внатрешноста на ушите. Доколку ги забележите овие симптоми, брзо внесете го кучето во ладна просторија, како што е подрумот или ставете го во близина на вентилатор и понудете му свежа вода. Навлажнете ја кожата на кучето со млака вода и нека се суши на воздух.

Кои кучиња се во најголем ризик од топлотен удар?

Топлотниот удар се случува кога нормалниот механизам на телото на кучето не може да ја одржи телесната температура во безбедни граници. Кучињата се потат само преку своите шепи, а дишењето не може секогаш во целост да го олади кучето кога ќе се прегрее. Нормалната телесна температура на кучето се движи од 38 до 39 степени Целзјусови. Телесната температура преку 41 степен Целзјусов е смртоносна и потребно е кучето да добие итна ветеринарна помош.

Знаците на топлотен удар вклучуваат: забрзано дишење, јарко црвен јазик, црвени или бледи непца, густа и леплива плунка, депресија, малаксаност и вртоглавица, повраќање – понекогаш се присутни крв, дијареја, шок и кома.

Секое животно кое не може да се олади е во ризик од топлотен удар, а некои раси и кучиња во одредени состојби се поподложни. Срцевите болести, дебелината, староста или проблемите со дишните патишта ги ставаат кучињата во огромен ризик и за овие животни, дури и нормални активности би можеле да бидат опасни при екстремна топлина.

Кучињата со пократки муцки, како што се мопсот и булдогот, потешко испуштаат топлина во околината преку дишењето, а одредени раси не толерираат топлина како други раси. Во оваа група спаѓаат англиските и француските булдози, боксерите, бернардинците, мопсовите и ши цу – посочуваат од ORCA, организацијата за почитување и грижа за животни.

Што можете да направите за да спречите топлотен удар кај вашето куче?

Бидете паметни и проактивни! Во прилог се посочени шест начини на кои вие како одговорен сопственик можете да му помогнете на вашиот миленик да ја одржи својата телесна температура и да избегне топлотен удар во лето:

Кога температурата е висока, не дозволувајте му на вашето куче да се задржува на топли површини како што се асфалт и цемент. Со тоа што кучето е блиску до тлото, неговото тело може брзо да се загрее и така може да дојде до изгореници на осетливите перничиња на шепите. Прошетките по вакви површини сведете ги на минимум.

Однесете го кучето на лесно шишање бидејќи краткото летно влакно може да помогне во превенција на прегревање, но никогаш не го шишајте до гола кожа. Кучињата што имаат долго влакно мора да имаат оставено најмалку три сантиметри во должина на влакното за да ги заштити од изгореници што може да настанат од сонцето.

Обезбедете му пристап на кучето до свежа вода во секој момент. Бидете сигурни дека кучињата за време на нивниот престој во дворот имаат пристап до сенка и ладна вода. Поставете повеќе садови со вода низ домот.

Ограничете го вежбањето кога температурата расте и немојте да ја држите или на кој било начин блокирате муцката на вашето куче бидејќи тоа ја намалува неговата способност да се лади преку дишење.

Кога времето е топло, многу кучиња уживаат во пливање, прскање во мали базени или трчање низ прскалки за наводнување на трева. Овие активности може да им помогнат во намалување на телесната температура.

Никогаш не го оставајте вашето куче во паркиран автомобил, дури ни кога паркирате во сенка или кога планирате да бидете отсутни на само неколку минути. Температурата во автомобилот може да достигне преку 60 степени Целзјусови за само неколку минути. Тој краток период може брзо да премине во катастрофа која може да биде фатална за миленикот.

Што треба да направите ако вашето куче добие топлотен удар?

Ако се сомневате дека вашето куче страда од топлотен удар, брзата реакција може да му го спаси животот.

Моментално преместете го кучето од топлата средина. Навлажнете го темелно со ладна (никако со премногу ладна!)  или со вода на собна температура и зголемете ја циркулацијата на воздух околу кучето со вентилатор.

Не користете мраз или, како што веќе напоменавме, многу ладна вода: тоа може да биде контрапродуктивно имајќи предвид дека пребрзото ладење може да предизвика други состојби што го загрозуваат животот на кучето. Обезбедете му слободен пристап до вода, но не го терајте кучето да пие – животното може да вдиши вода или да се задуши.

Дури и ако кучето изгледа како да се опоравува, однесете го на ветеринар што поскоро. Дехидрацијата е само една компликација на топлотниот удар што ветеринарот треба да ја дијагностицира.

Приоритет ќе биде намалување на телесната температура до сигурни граници и на животното може да му даваат течности и кислород. Миленикот што е донесен како резултат на топлотен удар треба да биде следен поради можноста од шок, натамошни опасности, откажување на бубрезите, срцеви абнормалности и треба да добие соодветен третман.

Кучињата по природа се заштитнички настроени кон човекот. Па така, одговорниот сопственик мора исто така да се постави кон своето куче, да внимава на неговото здравје и благосостојба и да го заштити од опасностите од прекумерна топлина, за да може миленикот безбедно да ужива во добредојдената топлина на летната сезона.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784