Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Мајмунските сипаници и милениците

Заразените животни може да го пренесат вирусот мајмунски сипаници на луѓе, а исто така е можно луѓето што се заразени да го пренесат вирусот мајмунски сипаници на животни преку близок контакт, вклучително галење, гушкање, бакнување, лижење, делење простори за спиење и делење храна.

Луѓето со мајмунски сипаници треба да избегнуваат контакт со животни, вклучително миленици, домашни и диви животни за да спречат ширење на вирусот. Доколку вашиот миленик е изложен на мајмунски сипаници:

  • Не ги напуштајте или евтаназирајте милениците само поради потенцијално изложување или мајмунски сипаници;
  • Немојте да го бришете или бањате вашиот миленик со хемиски средства за дезинфекција, алкохол, хидроген пероксид или други продукти, како што се средства за дезинфекција на раце, крпи за чистење или други индустриски средства или средства за чистење површини.

Ако лицето со мајмунски сипаници немало близок контакт со миленици по појавата на симптоми, замолете пријатели или членови на семејство што живеат во одвоен дом да се грижат за животното додека лицето со мајмунски сипаници не закрепне целосно. Близок контакт вклучува галење, гушкање, бакнување, лижење, делење простори за спиење и делење храна. Откако лицето со мајмунски сипаници ќе оздрави, дезинфицирајте го вашиот дом пред да ги вратите здравите животни во домот.

Милениците што имале близок контакт со лице со симптоми на мајмунски сипаници треба да се чуваат дома и подалеку од други животни и луѓе 21 ден по последниот контакт. Заразените луѓе не треба да се грижат за животни што биле изложени на вирусот. Лицето со мајмунски сипаници треба да избегнува близок контакт со изложеното животно и, доколку сте во можност, замолете друг член на домаќинството да се грижи за животното до целосно закрепнување на лицето со мајмунски сипаници.

Во некои случаи, може да биде неопходно да ги изолирате и да се грижите за животни што биле изложени на мајмунски сипаници на локација различна од домот. На пример, луѓе што се имунокомпромитирани, трудни, имаат млади деца (<8 години) или се со историја на атопичен дерматит или егзема, не треба да се грижат за животни што имале близок контакт со лице со мајмунски сипаници бидејќи можат да бидат под зголемен ризик од тешки исходи од болеста мајмунски сипаници.

Доколку имате мајмунски сипаници и морате да се грижите за вашите здрави миленици додека сте во домашна изолација, мијте ги рацете или користете дезинфекционо средство за раце на база на алкохол, пред и по контактот со нив. Исто така е важно да го покриете секој осип на кожата најдобро што може (пр. долги ракави, долги панталони) и носете заштитни ракавици и респираторна маска додека се грижите за вашите животни.

  • Не му ставајте маска на вашиот миленик.
  • Избегнувајте близок контакт со вашиот миленик.
  • Погрижете се вашиот миленик да не може случајно да дојде во контакт со контаминирани предмети во домот како што се облека, постелнина и пешкири користени од лице со мајмунски сипаници.
  • Не им дозволувајте на животните да дојдат во контакт со осипи, завои и телесни течности.
  • Погрижете се храната, играчките, простирките или другите предмети што ги користи вашето животно за време на неговата изолација да не дојдат во директен контакт со кожа или непокриен осип.

Што да направите ако миленикот покажува знаци на мајмунски сипаници

Иако не ги знаеме сите симптоми што може да ги имаат заразените животни, следете го животното за потенцијални знаци на болест, вклучително летаргија, недостаток на апетит, кашлање, назален секрет или кора, надуеност, треска и/или осип на кожата што наликува на мозолчиња или плускавци. Јавете му се на вашиот ветеринар ако забележите дека животното се разболело во рок од 21 ден од контактот со лице за кое се сомнева или е потврдено дека има мајмунски сипаници. И, да повториме, следете ги овие многу важни насоки:

  • Не ги евтаназирајте милениците за кои постои сомневање дека имаат мајмунски сипаници освен ако не е по упат на ветеринар.
  • Немојте да го бришете или бањате вашиот миленик со хемиски средства за дезинфекција, алкохол, хидроген пероксид или други продукти, како што се средства за дезинфекција на раце, крпи за чистење или други индустриски средства или средства за чистење површини.

Чекори што треба да ги преземете ако мислите дека вашиот миленик има мајмунски сипаници

Тестирајте го вашиот миленик доколку имале близок контакт со лице што е сомнителен или потврден случај на мајмунски сипаници и имаат нов осип или други два други клинички знаци. Јавете му се на вашиот ветеринар ако забележите дека животното се разболело во рок од 21 ден од контактот со лице за кое се сомнева или е потврдено дека има мајмунски сипаници.

Можните клинички знаци на мајмунски сипаници кај животните вклучуваат летаргија, недостаток на апетит, кашлање, надуеност, назален и/или очен секрет или кора, треска и/или кожни лезии слични на сипаници (првично може да изгледаат како мозолче или плускавец пред да прогресираат во лезија карактеристична за мајмунски сипаници) или осип.

Одвојте го болното милениче или животно од други животни и минимизирајте го директниот контакт со луѓе најмалку 21 ден откако се разболеле или додека не закрепнат целосно. Пожелно е животните со знаци на болест да се чуваат изолирани во нивниот дом и подалеку од секој што немал мајмунски сипаници.

Луѓето што се имунокомпромитирани, трудни, имаат млади деца (<8 години) или се со историја на атопичен дерматит или егзема, не треба да се грижат за животни што имале близок контакт со лице со мајмунски сипаници.

Мијте ги рацете често и користете лична заштитна опрема кога се грижите за болни животни или чистите по нив. Личната заштитна опрема вклучува носење ракавици, употреба на заштита за очите (заштитни наочари или штитник за лице), носење респираторна маска (идеално N95 респираторна маска со филтер за еднократна употреба) и носење наметка за еднократна употреба.

  • Ако не ви е достапна наметка за еднократна употреба, носете облека што целосно ја покрива кожата (пр. долги ракави, долги панталони) и веднаш отстранете ја и ставете ја на перење облеката по контакт со животното, заградени простори за животни или простирки за животни.
  • Внимателно отстранете ја од себе личната заштитна опрема за да избегнете контаминација.
  • По отстранување на личната заштитна опрема, користете дезинфекционо средство за раце на база на алкохол или измијте ги рацете со сапун и вода.

Консултирајте ги здравствените власти за упатство за отстранување на отпадот, но општите мерки за претпазливост вклучуваат:

  • Користете посебна пластична канта за отпад со капак за одлагање на целиот потенцијално контаминиран отпад.
  • Не го оставајте или фрлајте отпадот на отворено бидејќи може да се појават вирусни инфекции со мајмунски сипаници во дивиот свет.
  • Доколку е соодветно за животинскиот вид и вашиот водоводен систем, истурете го отпадот од животинско потекло во тоалетот.
  • Предметите за еднократна употреба, како на пр. простирките за глодари за еднократна употреба, и животинскиот отпад што не може да се фрлат во тоалетот, треба да се затворат во кеса и соодветно да се отстранат за да се спречи преку овие материјали да се заразат луѓе или други животни, вклучително диви животни и штетници како глувци и стаорци.

Простирките, заградените простори, садовите за храна и кои било други предмети во директен контакт со заразено животно мора да бидат соодветно дезинфицирани. Валканите алишта или простирки (вклучително простирки за глодари за еднократна употреба) не треба да се тресат или со нив да се ракува на начин што може да ги распрсне заразните честички.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784