Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Петарди – забавен момент за едни, траума за други и за животните

Петардите отсекогаш се сметани како обележје на забавите. Ги следат среќните настани и веселбите, како што се новогодишни прослави, родендени, венчавки итн. Оти, каква е таа веселба без пукање на петарди?

Петардите се опасни и за луѓето и за животните. Сите животни многу се плашат од петарди. Некои кучиња и мачки празничниот период го поминуваат под седативи, многу од милениците се губат бидејќи при прошетка се оттргнуваат од сопствениците за да побегнат од звукот на петардите. Некои миленици, на жалост, умираат. И птиците можат да умрат од страв откако ќе експлодира петарда во нивна близина.

Експлозијата на петарда предизвикува силна и долготрајна реакција на страв кај децата и лицата со пречки во развојот или со аутизам. Исто така, секоја година во периодот на Новогодишните празници, многу деца што фрлале петарди завршуваат во болница со тешки повреди и изгореници на дланките или очите. Последиците од ваквите повреди ќе ги следат целиот живот.

Зошто се фрлаат петарди?

Според старите балкански обичаи, пукањето е неизоставен дел од секоја прослава. Зошто е тоа така?

Некогаш одамна, куќите во планинските краишта биле раштркани и меѓусебно многу оддалечени. Тогаш немало модерни начини на комуникација, па истрелите во воздух се користеле за да се објават радосни вести како на пр. раѓање на дете или успешно запросување, на роднините, пријателите и соседите. Исто така, се сметало дека гласниот звук што го произведува истрелот може да ги избрка злите духови кои можат да му наштетат на семејството и новороденчето.

Овој обичај се има одржано до денес, а поопасната практика на пукање во воздух со огнено оружје е заменета со петарди.

Како петардите влијаат на животните?

Животните многу се плашат од петарди. Ова се однесува на сите животни, не само на нашите миленици. Сите животни, на ист начин како и луѓето, чувствуваат болка, страв и стрес. Поради тоа е потребно да ги заштитиме. Експлозијата на петарда кај нив предизвикува силна реакција на страв, посочуваат од ORCA, организацијата за почитување и грижа за животни.

Сетете се дека кучињата слушаат трикратно подобро отколку луѓето. И другите животни имаат поостар слух од нас. Притоа, тие, за разлика од нас, не разбираат зошто се случува тоа и не знаат што значи кога ќе пукне петарда. Замислете, тогаш, колку силна реакција на страв може да имаат животните покрај кои ќе пукне петарда?

Последиците се различни. Животните во чија непосредна близина ќе пукне петарда можат да доживеат оштетување на нивниот осетлив слух. Чести реакции кај кучињата се „замрзнување“ во место (парализа), треперење на телото и панично бегање.

Може да дојде и до поинтензивни симптоми на страв како што се обилно лачење на плунка, забрзана работа на срцето, гласно цвилење, неконтролирано мокрење или дефекација. Сите овие симптоми се знаци на голема траума. Некои кучиња не можат да се повратат од состојбата на шок и умираат како последица на страв.

Кај мачките реакцијата на страв е помалку очигледна, но тоа не значи дека не го чувствуваат. Мачките реагираат слично како кучињата. Кај нив е изразен нагонот за криење и мачките се завлекуваат во некој тесен простор што ќе го најдат и може да се случи да не излезат со денови. Некои мачки со денови одбиваат храна и вода.

Новогодишните празници, кога интензивно се фрлаат петарди, се период од годината кога најмногу миленици се губат. Многу кучиња во овој период, за време на прошетка, се оттргнуваат од своите сопственици за да побегнат од звукот на петардите. Исто така, мачките што излегуваат надвор при панично бегање од звукот на петардите ќе се завлечат и скријат некаде, па така се губат.

Птиците можат да умрат од страв откако ќе пукне петарда или ќе прелета огномет во нивна близина. За време на пречекот на 2021 година во Рим, забележани се стотици умрени птици како последица на новогодишниот огномет. Исто така, како резултат на паника поради силната и ненадејна бука, птиците можат да изгубат ориентација и да се судрат со прозорците на зградите.

Коњите, исто така, многу негативно реагираат на петарди и на огномет. Коњите по природа се внимателни животни што лесно се вознемируваат. Ненадејната експлозија на петарда и кај нив предизвикува силен страв. Во обид да побегнат, да прескокнат ограда или да срушат капија, може да дојде до повреди.

Како петардите влијаат на луѓето?

Не се само животните жртви на пиротехника. Експлозијата на петардите предизвикува страв кај децата и повозрасните лица со аутизам и пречки во развојот. Децата со аутизам се пречувствителни на секој ненадеен звук и бука, па Новата година често ја дочекуваат исплашени и под стрес. Доаѓа и до физички повреди – изгореници, оштетување на слухот и видот, па дури и до ампутација на дел од дланката, особено кај децата што фрлаат петарди.

Што вели законот?

Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, меѓу другото, ја регулира употребата на пиротехнички средства. Во членот 31 од овој закон се пропишани казни во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност за оние лица што неовластено пукаат од огнено оружје, употребуваат пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушуваат мирот и безбедноста на граѓаните.

Тоа значи дека ако фрлите петарда на јавно место можете да бидете казнети ако некој од соседите или минувачите ве види и пријави во полиција. Дури и ако петардата ја фрлите во својот двор, можете да одговарате доколку експлозијата ги вознемирила другите луѓе. За децата што вршат прекршоци од овој закон ќе одговараат нивните родителите или старатели.

Казни во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност се предвидени и за оние лица кои неовластено приредуваат огномет.

Како можеме да ги заштитиме милениците и да им помогнеме на напуштените животни?

Милениците различно реагираат на експлозија на петарда. Пробајте да им го одвлечете вниманието од буката што доаѓа од надвор така што ќе го вклучите телевизорот или ќе пуштите музика малку погласно во текот на вечерта кога се слушаат петарди.

Многу миленици се губат бидејќи тргнуваат да бегаат панично кога ќе слушнат експлозија на петарда. За да избегнете да ви се случи тоа, не пуштајте ја мачката надвор и избегнувајте шетање на кучето навечер кога знаете дека сигурно ќе има петарди. Микрочипирајте ги милениците. Освен што тоа ви е законска обврска, истото е единствен сигурен начин да го вратите дома ако се изгуби.

Дозволете им на мачките да се скријат позади каучот доколку сакаат. Немојте на сила да ги терате да излезат од нивното засолниште или да го поместувате мебелот за да дојдете до нив. Дајте им слобода на избор тоа да го сторат самите кога ќе проценат дека е безбедно. Во меѓувреме оставајте им храна и вода во близина на местото каде се сокриле.

Ако сте во можност, понудете им прибежиште на напуштените животни. Можете да ги пуштите во шупите или да им обезбедите макар привремена куќичка каде би можеле да се тргнат додека трае периодот на петарди.

Време е да им кажеме збогум на петардите!

Погубното влијание на пиротехничките средства врз животните, природата и луѓето е повеќе од јасно. Петардите се опасни за луѓето, особено за децата што ги фрлаат. Тие се опасни и штетни по здравјето на децата и лицата со аутизам и пречки во развојот. Кога животните се во прашање, тие се штетни за сите животни. Тоа се фактите.

Потребно е ние како општество да ја препознаеме штетноста на пиротехничките средства и да одлучиме дека еден момент забава не вреди да се повредиме себеси и да ги повредуваме другите. Особено бидејќи има толку многу убави начини да ги поминете празниците.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784