Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта [email protected]

Блог

COVID-19 и домашните миленици: Што треба да знаете

Нема докази дека кучињата, мачките или други домашни миленици можат да го пренесат новиот коронавирус SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19. COVID-19 воглавно се шири преку капки продуцирани кога инфицирано лице кашла, кива или зборува. За да се заштитите себеси, мијте ги вашите раце често и темелно.

Прочитај го написот...

Зошто кучињата се поврзуваат за еден човек?

Кучињата нѐ гледаат во очи како би се поврзале со нас. Истото го правиме и ние кога сакаме да се поврземе со други луѓе. Кучињата се друштвени битија и не можат да живеат без друштво. Покрај многуте луѓе кои кучето ги има во животот, тоа бира една посебна особа на која ќе ѝ даде најмногу љубов и внимание. Оваа поврзаност на кучињата им е многу важна, дотолку што чувствуваат љубомора ако ја видат својата омилена особа како ги „изневерува“ со друго животно.

Прочитај го написот...

Зошто мачките рушат сѐ што им е на дофат на шепите?

Како што може да се види од бројните смешни видеа на интернет, мачките уживаат во туркањето предмети од високи места. Зошто се впуштаат во вакво забавно – но понекогаш иритирачко, па дури и опасно – однесување?

Прочитај го написот...

Бидете здрави, набавете мачка

Кога размислувате за тоа како да го подобрите вашето здравје, ретко помислувате на домашните миленици, а токму тие се „тајната состојка“ која нѐ чини здрави. Бројни истражувања во последните неколку години покажаа дека чувањето мачка во домот може да има многу здравствени предности за членовите на домаќинството. За вас ги издвоивме најзначајните.

Прочитај го написот...

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784