Закажување на термин

Закажувате термин на во . Ни требаат неколку дополнителни информации од вас:

Вашето барање за термин беше успешно испратено - ви благодариме!

Ветеринарна амбуланта за домашни миленици
и пет шоп

Дали имате некое прашање?

Домашните миленичиња се членови на вашето семејство. Затоа, доверете ни ја нам грижата за нивното здравје и бидете сигурни дека ќе добијат врвна услуга и нега каква што заслужуваат.

☎ 070/700-784 или пиши ни на е-пошта

Куќен ред на веб-сајтот

Правила за користење

Добредојдовте на веб-сајтот на Ветеринарната амбуланта за домашни миленици и пет шоп „Панда“ од Скопје (Друштво за трговија и услуги ПАНДА-ВЕТ ДООЕЛ Скопје, во понатамошниот текст: ПАНДА-ВЕТ). Со прелистувањето и користењето на овој веб-сајт, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила за користење на веб-сајтот, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на ПАНДА-ВЕТ со вас во врска со овој веб-сајт.

Терминот ПАНДА-ВЕТ или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на овој веб-сајт. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашиот веб-сајт. Користењето на овој веб-сајт е условено со следните правила за користење:

  • Содржините на страниците на овој веб-сајт се наменети само за ваше лично информирање и користење. Содржините може да се менуваат без претходна напомена.
  • Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на овој веб-сајт за која било намена. Со самото користење на веб-сајтот, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
  • Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, претходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
  • Овој веб-сајт содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила за користење.
  • Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.
  • Неавторизираното користење или злоупотреба на овој веб-сајт (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Северна Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
  • Повремено овој веб-сајт може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-сајтови. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-сајтовите. ПАНДА-ВЕТ не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-сајтови.

Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за ПАНДА-ВЕТ. Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што ПАНДА-ВЕТ ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-сајтот и оние што ги споделувате со нас доброволно.

ЛОГОВИ

Како и многу други веб-сајтови, ПАНДА-ВЕТ користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

КОЛАЧИЊА И „WEB BEACONS“ (ВЕБ-ТРАКЕРИ)

ПАНДА-ВЕТ користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да го прилагоди веб-сајтот врз база на веб-прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб-прелистувач.

КОЛАЧИЊА ОД ДРУГИ ПЛАТФОРМИ И ВЕБ-САЈТОВИ

При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-сајтови како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-сајтот со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

КОЛАЧИЊА ОД АЛАТКИТЕ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ СОДРЖИНИ

Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата „сподели“ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-сајтови за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

СТАТИСТИЧКИ КОЛАЧИЊА

Го користиме Burst Statistics, софтвер на холандската компанија Burst Statistics B.V., за анализирање на посетеноста на веб-сајтот, за утврдување на бројот на посетители на веб-сајтот, нивната интеракција со веб-сајтот, електронските уреди преку кои пристапуваат на веб-сајтот и изворите на посетите на веб-сајтот. Статистиките се целосно анонимни, се складираат исклучиво на нашиот веб-сајт и до нив имаат пристап само овластени лица на ПАНДА-ВЕТ.

ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ

На нашиот веб-сајт имате можност да нѐ контактирате преку формулар каде, покрај вашата порака до ПАНДА-ВЕТ, ги внесувате следните ваши податоци: име и презиме, е-пошта и телефон. Вашето име го прибираме за да се идентификувате пред нас (можете да користите и псевдоним), додека вашите е-пошта и телефон за да можеме да ви одговориме на вашата порака. Овие податоци се користат само за конкретната цел, со нив се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци и не се споделуваат со трети лица. Овие податоци се складираат и чуваат на неопределено време.

КОИ ПРАВА ГИ ИМАТЕ НАД ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Имате право да побарате од страна на ПАНДА-ВЕТ пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците. Исто така, имате право да побарате повлекување на согласноста во секое време.

Ако сметате дека начинот на кој ПАНДА-ВЕТ ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, ве молиме контактирајте нѐ за да ни го ставите тоа на знаење или, пак, можете да поднесете поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

Политика за користење на колачиња

НАКРАТКО ЗА ПОЛИТИКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА

Оваа Политика за користење на колачиња објаснува што се колачиња и како ги користиме, видовите на колачиња што ги користиме т.е. информациите што ги собираме користејќи колачиња и како тие информации се користат, и како да ги контролирате преференциите за колачиња. За повеќе информации како ги користиме, складираме и чуваме безбедни вашите лични податоци, погледнете ја нашата Политика за приватност.

Во секое време можете да ја промените или повлечете вашата согласност од Декларацијата за колачиња на нашиот веб-сајт.

Дознајте повеќе за тоа кои сме, како да нѐ контактирате и како ги обработуваме личните податоци во нашата Политика за приватност.

Вашата согласност е апликативна за следните домени: www.panda.vet

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?

Колачиња (на анг. cookies) се мали текстуални датотеки што се користат за складирање мали парчиња информации. Тие се складираат на вашиот уред кога се вчитува веб-сајтот на вашиот интернет прелистувач. Овие колачиња ни помагаат за правилно функционирање на веб-сајтот, го прават истиот побезбеден, овозможуваат подобро корисничко искуство и за да разбереме како работи веб-сајтот и каде е потребно подобрување.

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊАТА?

Како и со повеќето интернет сервиси, нашиот веб-сајт користи сопствени и од трети страни колачиња за неколку намени. Сопствените колачиња се најмногу неопходни за веб-сајтот да функционира правилно и тие не собираат никакви лични податоци што би можеле да ве идентификуваат.

Колачињата од трети страни што се користат на нашиот веб-сајт се воглавно за разбирање како работи веб-сајтот, како остварувате интеракција со нашиот веб-сајт, чување на нашите услуги безбедни, овозможување реклами што се релевантни за вас и сѐ на сѐ овозможување на подобро и усовршено корисничко искуство за вас и помош во забрзувањето на вашите идни интеракции со нашиот веб-сајт.

КАКВИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА КОРИСТИМЕ?

Неопходни: Некои колачиња се неопходни за да бидете во можност да ја искусите целосната функционалност на нашиот веб-сајт. Тие ни овозможуваат да ги одржиме корисничките сесии и да спречиме какви било безбедносни закани. Тие не собираат или складираат какви било лични податоци. На пример, за илустрација на нивната намена општо земено и не нужно применливо за нашиот веб-сајт, овие колачиња ви овозможуваат да се најавите на вашата корисничка сметка, да додадете продукти во вашата кошничка и безбедно да извршите плаќање на пласираната нарачка.

Статистики: Овие колачиња складираат информации како што се бројот на посетители на веб-сајтот, бројот на уникатни посетители, кои страници на веб-сајтот ги посетиле, изворот на посетите, итн. Тие податоци ни помагаат да разбереме и анализираме колку добро работи веб-сајтот и каде е потребно подобрување.

Маркетинг: Нашиот веб-сајт може да прикажува реклами. Овие колачиња се користат за персонализирање на рекламите што ви ги прикажуваме, за да бидат релевантни за вас. Овие колачиња исто така ни помагаат да ја следиме ефикасноста на овие рекламни кампањи.

Информациите складирани во овие колачиња можат да бидат искористени и од трети страни, провајдери на реклами, за да ви прикажуваат реклами на други веб-сајтови на интернет прелистувачот исто така.

Функционални: Овие се колачињата што помагаат одредени опционални функционалности на нашиот веб-сајт. Во овие функционалности спаѓаат вградување содржини како на пример видеа или споделување содржини од веб-сајтот на социјални мрежи.

Преференции: Овие колачиња ни помагаат да ги складираме вашите подесувања и преференции за прелистување како што се јазичните преференции, така што ќе имате подобро и поефикасно искуство при следните посети на веб-сајтот.

Преглед на колачињата што се користат на нашиот веб-сајт

КолачеОпис
__atuvcAddThis го поставува ова колаче за да осигура дека се гледа ажурираниот број кога некој споделува страница и се враќа на неа, пред биде ажуриран кешот на бројот на споделувања.
__atuvsAddThis го поставува ова колаче за да осигура дека се гледа ажурираниот број кога некој споделува страница и се враќа на неа, пред биде ажуриран кешот на бројот на споделувања.
at-randAddThis го поставува ова колаче за да ги следи посетите на веб-сајтот, изворите на сообраќај и бројот на споделувања.
burst_uidКолачето се користи за складирање и следење на интеракцијата на посетителите на веб-сајтот, а со цел прибирање на анонимни статистики.
CONSENTYouTube го поставува ова колаче преку вградени youtube-видеа и регистрира анонимизирани статистички податоци.
cookielawinfo-checkbox-advertisementОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Реклами“.
cookielawinfo-checkbox-analyticsОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Аналитика“.
cookielawinfo-checkbox-functionalОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessaryОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Неопходни“.
cookielawinfo-checkbox-othersОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Други“.
cookielawinfo-checkbox-performanceОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци за да се запомни согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Перформанси“.
CookieLawInfoConsentКолачето се користи за да се запомни состојбата на зададеното копче за соодветната категорија и статусот на CCPA. Работи само во координација со примарното колаче.
locAddThis го поставува ова колаче за геолокација за да помогне да се разбере локацијата на корисниците што ги споделуваат информациите.
uvcПоставено од addthis.com за да се детерминира користењето на сервисот addthis.com.
viewed_cookie_policyОва колаче е поставено согласно Општата регулатива за заштита на податоци и се користи за да се запомни дали посетителот е согласен или не со користењето на колачиња. Не складира приватни податоци.
yt-remote-connected-devicesYouTube го поставува ова колаче за да ги складира видео преференциите на корисникот користејќи вградено YouTube видео.
yt-remote-device-idYouTube го поставува ова колаче за да ги складира видео преференциите на корисникот користејќи вградено YouTube видео.
yt.innertube::nextIdОва колаче, поставено од YouTube, регистрира уникатен идентификатор за складирање податоци за тоа кои видеа од Youtube ги има видено корисникот.
yt.innertube::requestsОва колаче, поставено од YouTube, регистрира уникатен идентификатор за складирање податоци за тоа кои видеа од Youtube ги има видено корисникот.

КАКО МОЖАМ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ ПРЕФЕРЕНЦИИТЕ ЗА КОЛАЧИЊА?

Доколку решите да ги промените вашите преференции подоцна во текот на вашата сесија на прелистување, можете да кликнете на копчето „Подесувања за колачиња“ на вашиот екран. Тоа ќе го прикаже повторно известувањето за согласност овозможувајќи ви да ги промените вашите преференции или целосно да ја повлечете вашата согласност.

Дополнително, различни интернет прелистувачи нудат различни методи за блокирање и бришење на колачињата што ги користат веб-сајтовите. Можете да ги промените подесувањата на вашиот интернет прелистувач за да ги блокирате/избришете колачињата. За да дознаете повеќе како да ги управувате или избришете колачињата, посетете ги wikipedia.org, allaboutcookies.org, cookiedatabase.org.

Ограничување на одговорност

Информациите содржани на овој веб-сајт се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од ПАНДА-ВЕТ со цел да се дојде до слободен пристап до информациите и до мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.

Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на овој веб-сајт.

При користење на овој веб-сајт, можете да бидете насочени и кон други веб-сајтови чија содржина не е под контрола на ПАНДА-ВЕТ. Нашата компанија нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-сајтови. Вклучувањето на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.

Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на овој веб-сајт. Во секој случај, не преземаме одговорност, или нема да бидеме виновни, доколку веб-сајтот е привремено недостапен како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.

Авторски права

Оваа веб-страница е сопственост на Друштво за трговија и услуги ПАНДА-ВЕТ ДООЕЛ Скопје. Сите права се задржани.

Секое копирање на дел или целосна репродукција на нашите содржини е забранета, освен во следниве случаи:

  • можете да ги печатите или да ги снимате на дискови нашите содржини само за лична употреба;
  • можете да ги копирате нашите содржини за лична употреба од трети лица само доколку го наведете веб-сајтот како извор на материјалите.

Во никој случај не смеете да ги копирате ниту да ги користите овие содржини без претходна пишана дозвола. Нивната репродукција е исто така забранета на веб-сајтови различни од ПАНДА-ВЕТ како и други медиуми за електронска дифузија на информации.

Време за спа третман

Можеби на прв поглед ви изгледа дека бањањето или шишањето на мачките и кучињата не е комплицирана работа. Меѓутоа, тоа не е секогаш едноставно. Многу од нив не сакаат да се бањаат или се плашат од сапуница, вода и фен. Ако се обидете сами да ги шишате или да им ги скратите ноктите, може да се случи да ги повредите.

Избегнете го непотребниот стрес и проблеми. Постои решение и сосема е едноставно. Донесете го миленичето во ветеринарната амбуланта Панда. Искусните раце на д-р Каменка Динова Николовска избањале и исшишале стотици животни. Нека вашиот миленик биде чист, исшишан и уреден. Договорете термин и понатаму сѐ е едноставно. Донесете го миленикот, отидете на кафенце и дојдете по него. Ќе ве чека чист, исшишан, исчешлан, со уредни уши, шепи и нокти и, што е најважно, весел и задоволен. Хигиената не мора да биде проблем, затоа сме ние тука.

Зошто да нѐ одберете

Стручност
Амбулантата ја предводат ветеринар кој континуирано се усовршува во струката и ветеринарен техничар со повеќегодишно искуство.

Квалитет
Нудиме квалитетна услуга и посветеност во третманот на вашиот миленик. Модерна амбуланта, опремена со сите потредби уреди.

Пристапни цени
Цените се поволни, а плаќањето можете да го направите со платежна картичка и готовина.

Закажете термин

070/700-784